- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Брендот Bourjoris со години наназад се води од стратегијата дека убавината е во мешавина на витамини и природни состојки. Затоа, решија да одат чекор понатаму! Најпродаваната Healthy Mix течна пудра со микс од витамини сега доаѓа со уште подобра формула. Поради тоа, за вас ја пронајдов новата Healthy Mix Clean & Vegan течна пудра, подобрена со веганска и 100% чиста формула за 24 часовна хидратација и удобност. На овој начин, Bourjois ја прошири својата понуда за чиста убавина со уште една нова и подобра формула.

Bourjois Healthy Mix Clean & Vegan Foundation

Се што сакам од една пудра е изедначен и природно сјаен изглед на лицето?

Healthy Mix Clean & Vegan течната пудра содржи исклучиво состојки од природно потекло збогатени со витамини. Ги камуфлира несовршеностите и знаците на умор, за 24 часовен хидриран тен! Поради тоа пудрата е пријатна за кожата, дава моќни резултати и создава природно сјаен изглед без компромиси.

Bourjois Foundation

Поздрав и хидриран изглед на кожата!

Во однос на самата покривност, оваа чиста и веганска пудра нуди лесна до средна покривност со способност за бришење на сите знаци на умор, како и хидратација на кожата до 24 часа, благодарение формулата со повеќе витамини.

- Реклама -

Со нејзино редовно користење овозможува инстантно осветлен и блескав тен, како и поздрав изглед на кожата. Healthy Mix нема да ги затвори порите и ќе ви овозможи удобно чувство на кожата преку целиот ден!

Bourjois течна пудра

Блескав тен со здрав микс од витамини!

За сите љубители на претходната Healthy Mix течна пудра, сега постои посовршена формула – Healthy Mix Clean & Vegan – за здрава кожа. Новата формула обезбедува природно сјаен тен во текот на целиот ден, веднаш го изедначува тенот на кожата со здрава мешавина на витамини Ц, Е и Б5.

Healthy Mix Clean & Vegan tecna pudra

6 причини да ја пробате новата Healthy Mix Clean & Vegan течна пудра!

#1 Веганска и чиста пудра

#2 24 часовна хидратантна пудра

#3 Долготрајна до 16 часа

#4 Формула составена од состојки од природно потекло

#5 Комплекс од витамини Ц, Е и Б5

#6 Свеж и сјаен тен

Bourjois Healthy Mix Clean & Vegan Foundation shades

Зарем уште ја немате пробано?

Пудрата Healty Mix ќе биде вашето ново тајно оружје да ги скриете несовршеностите и знаците на замор, за да можете со сигурност да уживате во својот ден.

Clean & Vegan products