Нема поголем бјути класик од црвен кармин за усни. Брендовите за убавина црвениот кармин го имаат вклучено во своите колекции, но изминативе години само некои црвени кармини на пазарот прераснаа во култни бестселери кои се носат секогаш и секаде. Секојдневно расте бројот на нови црвени кармини кои претендираат да го превземат статусот на најдобро продаваниот.

MAC Ruby Woo

Еден од легендарните црвени кармини сигурно е MAC Ruby Woo, црвен кармин со интензивно црвено-сини пигменти и кадифен мат финиш, со исклучителна стабилност и долготрајност. Дали знаевте дека четири пакувања од овој кармин се продаваат секоја минута? Тоа е доволна причина зошто овој производ се смета за апсолутен бестселер помеѓу црвените кармини. 

- Реклама -

Fenty Beauty Stunna Lip Paint Uncensored by Rihanna

Една од најголемите обожавателки на MAC Ruby Woo карминот за усни е позната пејачка Rihanna, која овој кармин го направи нејзин заштитен знак. Но, откако ја покрена сопствената мејкап линија Fenty Beauty, секако имало место за лансирање на свој ултимативен црвен кармин за усни. Многумина и забележаа на Rihanna дека нејзиниот кармин Stunna Lip Paint во Uncensored нијанса, многу наликува на MAC Ruby Woo нијансата.

Од брендот Fenty Beauty на пејачката Rihanna, карминот го опишуваат како совршена црвена нијанса која совршено одговара на сите тонови на кожата. Девојките кои го пробале овој кармин, откриваат дека пигментот е многу сличен на оној на MAC Ruby Woo и има кадифен мат ефект како Ruby Woo.