- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Познат по тоа што отсекогаш предизвикувал задоволство и исполнетост кај жените, брендот Escada отелотворува елегантна, смела и весела жена која спонтано го разведрува светот околу неа. Позитивна, смела и весела, Escada жената зрачи со гламур, стил и оптимизам. Како второ мирисно поглавје во Celebrate колекцијата, Escada Celebrate Life прекрасно ги надополнува стандардите на брендот за модерна женственост.

Escada ја слави веселата женственост со Celebrate Life, ултра женствен парфем кој прави жената да се чувствува среќно, самоуверено и автентично. Escada Celebrate Life го доловува радосниот дух кој ги потсетува жените да го живеат животот до максимум!

Состојки кои асоцираат и се поврзуваат со чувство на среќа и самоувереност!

Во изборот на состојки, познатиот парфимер Aurélien Guichard одбра состојки кои асоцираат и се поврзуваат со чувство на среќа и самоувереност. Нежен цветен букет кој е составен од двете култни состојки кај женските парфими, роза и цвет од портокал. Овие елементи се избрани со цел да ја претстават безвременската женственост. Разнобоен овошен коктел составен од ноти на круша и личи, како втора состојка, која претставува среќна и млада личност и последна но не и најмалку важна состојка, деликатните ноти на килибар, кои претставуваат поприродна и релаксирана интерпретација на сензуалност. Овие состојки се суптилно помешани со ноти на ванила и сандалово дрво, кои придонесуваат за топлина на мирисот.

- Реклама -

Кампања: Sofi Fahrman – Шведската новинарка и модна репортерка го живее животот исполнето секој ден!

Во срцето на кампањата, амбасадорката на брендот Sofi Fahrman го доловува позитивниот став за животот за кој се залага Escada. Шведската новинарка и модна репортерка го живее животот исполнето секој ден, без разлика на предизвиците со кои се среќава. „Понекогаш се работи за мали работи кои ги правиме со сето срце, а кои ни носат најголема радост“ – Sofi Fahrman

Шишенце: Се вклопува со рафинираната елеганција која е синоним за Escada!

Escada Celebrate Life продолжува да ја слави Celebrate мирисната линија со надополнување на претходното остварување и икона, Celebrate Now. Елегантно и аеродинамично, шишенцето се вклопува со рафинираната елеганција која е синоним за Escada.

Celebrate Life ќе направи многу повеќе…

Esacada Celebrate Life ќе направи многу повеќе од тоа што ќе ја задоволи жената која сака да го открие уживањето во животот, ќе продолжи да биде извонреден мирис за оние кои сакаат да зрачат со радост и природна сензуалност.