- Реклама -  

Со љубов се е возможно“ – Paolo Terenzi

Paolo Terenzi – едно од најголемите имиња во светот на niche парфемите!

Paolo Terenzi, италијанскиот парфимер, креатор на парфемите од брендовите Tiziana Terenzi и V Canto, но и едно од најголемите имиња во светот на niche парфемите, пред очите на македонските блогери, ТВ лица и медиуми покажа како ги создава неговите парфеми. Paolo во прекрасниот амбиент на ексклузивната парфимерија Анабела Мериот креираше парфеми што ги надминуваат трендовите!

- Реклама -

Промоцијата беше замислена и реализирана како интерактивна работилница, еден вид мастер час со присутните гости. Славниот парфимер преку комуникација ги запознаваше и за секој од нив, креираше парфем кој одговара на неговиот карактер.

Креирањето на најдобрите мириси е како алхемија!

„И кога ги имате најдобрите состојки, многу е важно како ќе ги помешате, бидејќи само една капка може да предизвика спротивен ефект. Затоа организирам миризливи работилници каде пред присутните покажувам дека креирањето на најдобрите мириси е како алхемија и дека вистинскиот парфимер и уметник на својот занает може секого да го мотивира за создавање на уникатен мирис. Овој пат бев инспириран  од убавините на Македонија и пролетта, односно будењето на нов живот што го претворив во повеќе прекрасни парфеми„ – изјави Paolo Terenzi.

Преку начинот на кој ги креира парфемите ја раскажува семејната историја и традиција на која што е многу горд!

Неговата филозофија е дека убавината треба да биде компонирана. Преку начинот на кој ги промовира парфемите ја раскажува семејната историја и традиција на која што е многу горд, истовремено делумно го открива процесот на создавање на крајниот производ, мирисот кој претставува ново сензорно искуство на неговите гости.

Приказната на брендот Tiziana Terenzi почнува од 1968 година, но историјата на создавање мириси датира многу порано, кога Guglielmo Terenzi и Lugia Mancinin Terenzi го основале семејниот бизнис, кој го наследува таткото на Paolo Terenzi, Evelino. По неговата смрт, традицијата за создавање на парфеми ја продолжуваат Tiziana Terenzi која е дизајнер на целиот имиџ на брендот и Paolo Terenzi кој е креатор на сите мириси во овој бренд.

Секој парфем е изработен од природни состојки, многу внимателно одбрани за време на сите негови патувања. Во неговата библиотека на мириси има од 200 до 300 скапоцени мирисни ноти кои ги употребува постојано, правејќи нови композиции на мириси на кои никој не останува рамнодушен. Во 2012 година, заедно со неговата сестра Tiziana создаваат сопствен лиценциран бренд, а во 2014 година беше номиниран за престижната награда Fifi Awards.

Tiziana Terenzi и V Canto – ексклузивно во парфимеријата Анабела Мериот!

Брендовите Tiziana Terenzi и V Canto можете да ги најдете во парфимеријата Анабела во хотелот Мериот во Скопје.

Ексклузивно интервју!

Господинот Paolo Terenzi специјално за интернет порталот Убавина за сите даде ексклузивно интервју кое ќе биде објавено на сајтот.

- Реклама -