Машкиот мирис Dolce&Gabbana Intenso претставува модерна верзија на парфем акцентирајќи го неговиот карактер и длабочина. Intenso е чист инстинкт, моќта на емоцијата која е слободно изразена. Тоа е сила која го  дефинира традиционалниот маж, кој  сепак открива нов современ свет. Intenso идеално ја претставува новата генерација на Dolce&Gabbana за мажи кои живеат во сегашноста и ги изразуваат нивните емоции со интензитет.

“Искреноста е клуч на машката елеганција на Dolce&Gabbana. Тој е силен, но исто така ги открива и неговите слабости. Тој е згоден, модерен, полн со живот  исто како Intenso парфемот кој му го посветивме нему” -Domenico Dolce и Stefano Gabbana

Парфемот: Тој е потписот на современиот маж!

Intenso е дрвенест ароматичен парфем кој зрачи со водени ноти, зелен босилек и лаванда. Создаден е да дефинира ново откритие во светот на парфемите, преку moepel мирисна нота која беше креирана од цветовите и ливчињата на млечното дрво употребувајќи напредна технологија. Moepel нотата дава потпис и карактер на срцевината на парфемот обвивајќи го со луксузни цветни и медови акценти. Машкоста изразена преку мирисот на тутун е дополнително дефинирана со суви ноти од сено и трици. Интензитетот и силата доаѓаат од длабоката комбинација на сандалово дрво и чемпрес. Контраст на свежост, топлина и богат комплекс го комплетира составот на парфемот и го истакнува неговиот дрвенест шарм. Intenso е елегантен и свеж. Тој е потписот на современиот маж.

Пакувањето: Ги рефлектира класичните линии на пакувањето!

Intenso ги содржи и рефлектира класичните линии на пакувањето. Класичното шишенце, елегантно, со својата заоблена фигура и цилиндрично капаче обновено во темно тутун-кафено лакирано стакло на кое е врежано логото Dolce&Gabbana во елегантна бакарна нијанса. Палетата на бои се рефлектира во слаткото шишенце обложено со луксузно темно кафено кадифе и метално лого.

Colin Farrell: Олицетворение на сите аспекти на Intenso мажот!

Ирскиот актер Colin Farrell го отсликува карактерот на Intenso во неговата прва соработка со Dolce&Gabbana парфемите.

- Реклама -

“Colin Farrell е олицетворение на сите аспекти на Intenso за мажи. Неговиот изглед е доминантен, а неговите очи се длабоки и полни со живот. Како актер и човек совршено ги претставува силата, нежноста, привлечноста и квалитетите кои се предвидени за мажите кои ќе го користат нашиот нов парфем” – Domenico Dolce