- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Нов Halo Eye тренд!

Дали сте подготвени за нов пресврт во класичниот начин на нанесување шминка на очи? Никој не негира дека „smokey eye“ техниката на нанесување на сенка веќе го има заслужено статусот на омилен изглед, сепак оваа техника во последно време паѓа во втор план. Кога станува збор за сенки, освен „smokey eye“ техниката, понекогаш се чувствуваме како да ни недостасува алтернативен избор.

Затоа, се радуваме на „halo eye“ – најновата техника за нанесување на сенки за очи која е совршена за постигнување на сјајни и будни очи со помош  на контурирање на очните капаци. Оваа техника ја обожаваат мејкап артистите и славните личности, затоа што на посебен начин ги истакнува очите, а на фотографиите изгледа беспрекорно.

Со „Halo Eye“ ќе изгледате будно и свежо!

Со „halo eye“ изгледот светлината е фокусирана и се рефлектира од центарот на очниот капак – горниот и долниот, благодарение на светлите и сјајни нијанси на сенки за очи кои се нанесуваат на средината. Контрастот се постигнува со потемни нијанси на сенки на внатрешната и надворешната страна на секој очен капак, давајќи илузија на поголеми, посветли очи.

- Реклама -

Како правилно да креирате „Halo Eye“

За правилно креирање на овој мејкап изглед поделете ги очните капаци на три дела – внатрешен агол, средина и надворешен агол. Целта е да се постигне форма на бадем на секоја страна од очниот капак, но наместо полека да преминувате од светла во потемна нијанса на сенка, започнете со темна нијанса, во средината на очниот капак нанесете посветла нијанса, а потоа повторно завршете со темна нијанса. Повторете ја истата постапка на долната линија на трепките.

Убавината е во тоа што можете да играте со бои, а за да го максимизирате „halo eye“ изгледот, изберете металик, сјајни или светкави нијанси за средината на очниот капак. Опциите се неограничени, од комбинација на сина и црна до топли темно црвени и златни нијанси во средината, а тука се и бронзените бои со хромирани формули зачинети со индиго сина боја на надворешните агли на очите.

Овој мејкап изглед можете да го носите во дневна и вечерна верзија, затоа што можете да ги комбинирате апсолутно сите нијанси на сенки за очи – од најнежните до најинтензивните. Само додадете малку сјај на средината на очниот капак и тоа е тоа. За вашиот мејкап изглед да добие совршен финиш нанесете молив или туш за очи во тенка линија и сè завршите со омилената маскара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HINA (@ownurlook)