Новиот парфемски столб на модната куќа Ralph Lauren беше лансиран во 2017 година под името Woman by Ralph Lauren. Неговата интензивна интерпретација – Woman by Ralph Lauren Intense ќе биде претставена за 2019 година во ново црно шишенце со златни детали.
Таа води како жена! – #LeadLikeaWoman
„Жената која ме инспирира се изразува себеси преку индивидуалност и личен стил. Таа е храбро автентична, навистина оригинална. Таа води како жена“. – Ralph Lauren
Цветно-ориенталната мирисна композиција!
Новиот Woman by Ralph Lauren Intense како што е најавено ја комбинира силата и женственоста на белите цветови со црна ванила и сандалово дрво. Цветно-ориенталната композиција е инспирирана и креирана за жени кои живеат и водат со интензитет.
Jessica Chastain – прикажана со импресивен портрет!
Актерката Jessica Chastain се враќа како заштитно лице на новата рекламна кампања. За потребите на кампањата Jessica е прикажана со импресивен портрет, позирајќи во елегантен црн костум.
Мирисот ќе биде достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.