- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Новата мирисна креација на брендот L’Occitane en Provence е создадена како модерна интерпретација на Rose мирисот. Rose Calisson е со богато срце од рози, кое се комбинира со слатко овошје и традиционални колачиња направени во регионот Прованса во Италија.

Креација со цветен и пудрест траг!

Од сите слатки задоволства од Прованса, најпознати се количината Calisson. L’Occitane прави пресврт со овој традиционален деликатес комбинирајќи го со роза за вкусна миризлива креација со цветен и пудрест траг. Во срцето на оваа неодолива композиција латиците од роза се мешаат со нежните ноти на Calisson пред да се сместат на суптилна дрвенеста основа.

Традиционални Calisson колачиња од Прованса!

Ако сакате да пробате да ги направите традиционалните Calisson колачиња од Прованса, кликнете на линков за оригиналниот рецепт.

- Реклама -

Колачињата се прават од бадеми, кандирано овошје (диња и портокал) и шеќер во прав, додека преливот е направен од изматени белки, сок од лимон и шеќер во прав.

Rose Calisson колекција!

Колекцијата Rose Calisson вклучува тоалетна вода од 15 и 50 мл, парфем во гел од 15 мл, гел за туширање од 250 мл, лосион за тело од 250 мл и крем за раце од 30 мл, а достапна е во специјализираните продавници на L’Occitane.

L’Occitane Rose Calisson Body Lotion
L’Occitane Rose Calisson Shower Gel
L’Occitane Rose Calisson Hand Cream
L’Occitane Rose Calisson Perfume in Gel