Како тоалета од високата мода овој златен парфем плени со своите златни нијанси на волшебни спомени. Givenchy Dahlia Divin го претставува парфемот со ноти на златно овошје и сува слива.
Жената која го користи е возвишена и сензуална, како современа божица!
Заедно со аромата на букет од бели цветови, осветлени од зрак на јасмин и чиста светлина. Парфемот се усовршува во целост со богатите, волшебни дрвенести тонови на сандалово дрво за силна восхитувачка аура. Жената која го користи е возвишена и сензуална, како современа божица.
Givenchy го лансира парфемот Dahlia Divin во Септември 2014 година, следејќи ја темата и фантазијата на Dahlia Noir линијата која беше започната во 2011.
Јасмин и база од сандалово дрво!
Делото на Dahlia Divin на Givenchy е центрирано околу мирисни ноти на јасмин и база од сандалово дрво, создадено од парфимеристот Francois Demachy. Сувата слива на самиот почеток, отвора пат на срцевината со јасмин и бели цветови. Основата е дрвенеста, направена од сандалово дрво, ветивер и пачули.
Заштитно лице на парфемот е R&B пејачката Alicia Keys.