По сексипилниот и софистициран Decadence од 2015 година и Divine Decadence со мирисни ноти од шампањ и цвет од портокал, гламурот и луксузот откриваат динамична, нова страна во последното издание на Marc Jacobs Decadence линијата. За разлика од посмелиот карактер виден во Decadence, Decadence Eau So Decadent е видливо поженствен и нежен, со весела привлечност. Најавен како “нов начин на уживање”, ова издание ги инспирира жените да го ослободат својот дух и да уживаат во себе.
Decadence Eau So Decadent мирисот? Чист, луксузен, цветен!
Весел, пријатен и несомнено луксузен, Decadence Eau So Decadent се открива со сочни овошја и блескави цветови, со цел да создаде заводлив женствен потпис, додека белиот килибар ја открива својата хипнотичка сензуалност за блескава и нежна трага на вашата кожа.
Одличен за преку ден или навечер, Marc Jacobs Decadence Eau So Decadent ве разгалува на еден поинаков начин.
Дизајн на шишето? Инспириран од култните ташни на Marc Jacobs!
Инспириран од култните ташни на Marc Jacobs, иновативниот Decadence дизајн претставува беспрекорен спој помеѓу мирисот и модата, позиционирајќи го мирисот како ултимативен луксузен моден додаток. Овојпат, омиленото шишенце е замислено со поженствени детали.
Перфектно заобленото капаче со змиски принт, овојпат е во розова и зеленкасто-сина боја, креирајќи сензуален контраст помеѓу светлината и темнината, додека краткото синџирче во златна боја го обвиткува шишенцето давајќи му луксузен изглед. Изгледот на шишенцето е освежено и редизајнирано со мат стакло, низ кое може да се види динамичната зеленкасто-сина боја на џусот.
Комплементарно со шишенцето, надворешното пакување на Marc Jacobs Decadence Eau So Decadent е кутија во впечатлива зелено-сина боја, со луксузно лого во златна боја.
Decadence Eau So Decadent е достапен како30, 50 и 100 ml Eau de Toilette.