- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Облечени во вибрантна виолетова боја, украсени со блескави златни детали, го носат духот на бесконечното лето! Ви го преставувам новото мирисно трио од Marc Jacobs – Daisy Twinkle Edition!

Реинтерпретација на класичното Daisy трио: Daisy, Daisy Eau So Fresh, и Daisy Dream!

Инспирирани од блескава оаза каде сонцето силно свети, а водата светка, Daisy Twinkle едициите се сјајна реинтерпретација на класичното Daisy трио: Daisy, Daisy Eau So Fresh и Daisy Dream.

Сончеви и енергични, мирисите ги носат Daisy девојките на топла летна дестинација, бесконечно лето со бескрајно сино небо, вода и топли денови.

Дизајн инспириран од Marc Jacobs и неговата уникатна употреба на бои и нијанси!

Инспирирани од Marc Jacobs и неговата уникатна употреба на бои и нијанси, како и неговата љубов кон блескавото, шишињата се замислени во нежна виолетова нијанса која додава мода на мирисот. На секое од шишенцата има и доза златна боја, која евоцира чувство на бескрајно лето каде сончевите зраци прават сè наоколу да светка и трепка.

Капачињата на Daisy Twinkle и Daisy Eau So Fresh Twinkle се украсени со доза виолетова и жолта боја, како и со ливчиња маргаритка во светкава златна боја. На капачето на Daisy Dream Twinkle има Daisy акценти во златна боја кои се во контраст со неговиот виолетов подтон.

- Реклама -

За шишенцата да бидат надополнети, надворешните пакувања се во нежна мат виолетова боја, додека по рабовите на кутиите има сјајна рамка составена од маргаритки. Кутиите се испрскани со нијанси на златна боја кои се преливаат на сончева светлина.

Daisy мирисно трио: Daisy Marc Jacobs Twinkle едиции!

Daisy Marc Jacobs Twinkle Edition

Инспиративен букет од флорални и овошни ноти, Daisy Twinkle се отвора со сочна експлозија на диви бобинки, помешани со листови од темјанушка. Основата од бели цветови создава топла и сензуална трага на кожата.

Daisy Marc Jacobs Eau So Fresh Twinkle Edition

Вибрантен и неочекуван, Daisy Eau So Fresh Twinkle зрачи со неговата весела мешавина од сочни овошја и деликатни флорални ноти. Мирисот на малина се испреплетува со темјанушката и пупките од дива роза во срцевината, создавајќи една весела и среќна композиција. Crème De Cassis ја заокружува основата додавајќи еден сензуален завршеток.

Daisy Dream Marc Jacobs Twinkle Edition

Daisy Dream Twinkle е лесна мешавина од раскошни цветови и сочни овошја. Мирисот се отвора со експлозија на црна цреша и свежи бели цветови, кои се мешаат помеѓу себе со цел да создадат чувство на пролетна свежина. Во основата, кремастиот мус од бобинки создава трага која е долготрајна и која се задржува на кожата.