- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Yves Saint Laurent претстави нова верзија на парфемот Libre од 2019 година, интензивна верзија на овој модерен женски мирис кој ги поканува жените да живеат според нивните правила. Libre Eau de Parfum Intense е парфем на интензивна жена која ја живее својата слобода и ги следи своите инстинкти.

Вистински дива и вжештена!

Libre Eau de Parfum Intense претставува Libre EDP мирис засилен до крајност. Совршено ехо на уникатната миризлива структура на Libre EDP, но значително подив. Libre Intense осветлува нова мирисна нијанса, опишана како онаа помеѓу огнот и златото. Нејзиниот мажествен потпис е вграден на женствен начин.

Интензивирана лаванда, цвет од портокал и орхидеја!

Инстинктите на парфимерите Anne Flipo и Carlos Benaim ги натераа да одат уште подалеку, без компромис и без ограничување, да повлечат нови граници на слободата.

- Реклама -

Во креирањето на Libre EDP Intense ги следевме нашите инстинкти, држејќи се до суштината на Libre, реинтерпретирајќи го на нов, повеќе сензуален и попривлечен начин“. – мастер парфимерите Anne Flipo и Carlos Benaim.

Структурата на оригиналната Libre композиција, контрастот помеѓу француската лаванда и мароканскиот цвет од портокал повторно е толкуван на елегантен и сензуален начин. Интензитетот е додаден во срцето на парфемот, каде што се спојуваат цветот од портокал и сјајната орхидеја, како и „дивата“ лаванда. Libre Eau de Parfum Intense со своето ново цветно срце отсликува див и инстинктивен дух на новитет и ја отвора сензуалната и магична композиција.

Dua Lipa заштитно лице на парфемот!

Шишето на Libre е направено како рамна геометриска силуета во смокинг, со голем монограм на брендот. Заштитно лице на парфемот е пејачката Dua Lipa.

Yves Saint Laurent Libre Eau de Parfum Intense е достапен во 30, 50 и 90 мл, како Eau de Parfum Intense.