Совршено лице во секој момент од денот! MAC Studio Fix Fluid SPF15
Пудрата е основа на секој совршен мејкап изглед, затоа предизвик на секоја жена е да ја пронајде вистинската која ќе ги задоволи нејзините потреби.
Драги дами! Вашата потрага по вистинската течна пудра може да заврши!
Мат финиш, со средна до целосна покривност!
Течната пудра Studio Fix Fluid SPF15 од MAC, е со одлична формулa која ги контролира маснотиите на вашето лице, нуди мат финиш и е со средна до целосна покривност.
Совршена е за сите типови кожа, но посебно погодна е за масна кожа. Лесно се нанесува, надградува и рамномерно се меша, перфектно контролирајќи го сјајот на лицето.
Пудрата дава мат финиш и повеќе нема потреба да се грижите како ќе излезете на фотографиите, со Studio Fix Fluid SPF15 вашето лице ќе биде совршено од секој агол.
Формулата која трае 24 часа!
Удобна и исклучително долготрајна, пудрата има изненадувачка формула која трае 24 часа, во себе содржи заштитен фактор SPF15 и помага да се минимизира видливоста на порите и несовршеностите, давајќи и на кожата перфектен изглед.
Најдобро продаваната пудра на MAC!
Перформансите на MAC Studio Fix Fluid течната пудра ја прават да биде една од најдобро продаваните пудри на MAC.
Вашето лице ќе биде совршено во секој момент од денот со Studio Fix од MAC.