Дали сте подготвени за нов предизвик, за нов мирис од Bvlgari ? Време е за нов летен мирис кој ќе ја одбележи оваа сезона.
Bvlgari го претстави новото издание од мирисната колекција Omnia, наречен Pink Sapphire, мирис кој ги слави специјалните моменти и носи привлечност, енергија и радост на животот.
Bvlgari Omnia Pink Sapphire – забавен, уникатен со цветни мириси кои опиваат!
Свежиот цитрусно-овошен состав на Omnia Pink Sapphire е инспириран од скапоцениот камен од розов сафир кој ја симболизира младоста и радоста на животот.
Позитивна вибрирачка композиција!
Bvlgari Omnia Pink Sapphire е мирисна алхемија на франгипани, розово помело и ванила мошус. Фокусот е поставен на акордите на франгипани, додека розовиот помело во горните ноти и ванила мошусот во базата придонесуваат за позитивна вибрирачка композиција.
Животот треба да се живее со полни гради!
Omnia Pink Sapphire е енергичен мирис кој не потсетува дека животот треба да се живее со полни гради, да се трча, да се танцува и да се ужива во него, секој ден со доза сладост и спонтаност.
Креаторот на парфемот Omnia Crystalline, Alberto Morillas, го создаде Pink Saphire како комбинација на светли цитрусни растенија и егзотични цвеќиња.