Палетата на производи MAC Glitter и MAC Pigment се користи за постигнување на ефект на високо обоен метален сјај. Можат да се користат како сенки за очи или за нагласување на деловите на вашето лице и тело. Високо пигментираните бои лесно се користат на усните со што се постигнува необичен ефект. Можете да ги мешате со безбоен сјај за усни за да создадете сопствена персонализирана боја. Користете една или може да измешате повеќе бои заедно.
Нова палета на бои од сјајните-глитер производи!
MAC Cosmetics најави нова палета на бои од сјајните-глитер производи. Познатиот бренд за убавина го најави лансирањето на не помалку од 13 нови нијанси.
Досега, во парфимериите на MAC достапни за купување беа 26 бои на сјајните-глитер пигменти. Секоја од нив беше тестирана и употребувана за време на модната недела – Fashion Week 2018 година. Една од новите нијанси – Iridescent White беше промовирана зад сцената на London College модната ревија.
MAC Glitter во розови срца и сребрени ѕвезди!
Ви ги претставувам најновите MAC Glitter, во бои – Pink Hearts и Silver Stars, за кои во MAC Cosmetics веруваат дека ќе бидат вистински хит за претстојната летна сезона!
Pink Hearts сјајниот-глитер вклучува обликувани срца во розови и лилави нијанси, додека Silver Stars се сребрени светки во форма на ѕвезда.