Одморете го вашето лице од течна пудра. Ви нудам неколку мејкап производи што совршено ќе ја заменат течната пудра. Лицето треба да диши и да се одмори од редовно користење на пудра, а ова посебно се однесува на летниот период.

Ако не користите редовно течна пудра, тоа не значи дека треба да изгледате лошо. Постојат мејкап производи благодарение на кои нема да се забележи дека немате пудра на вашето лице.

Коректор!

Ако сакате беспрекорен тен без пудра, покријте ги ситните недостатоци и темните кругови околу очите со малку коректор.

Коректорот е мејкап производ кој може да биде вашиот најголем пријател кога станува збор за шминка, но исто така и најголем предавник на неправилностите на лицето, ако не сте многу вешти како правилно да го користите. Коректор ги крие несовршеностите, темните дамки, дисколорацијата, темните кругови, линии и брчки, без да се затворат порите на лицето.

- Реклама -

Течниот коректор совршено ги покрива темните кругови околу очите. Со својата богатата формула дава свежина на изгледот во пределот околу очите.

Сферичните микро-честици на коректорот го измазнуваат и даваат свиленкаст ефект на кожата Коректорот содржи рефлектирачки пигменти за природен сјај кој е видлив веднаш. Совршено се апсорбира во кожата, не оставајќи траги на кожата. Коректорот видливо ги елиминира знаците на замор!

Со коректорот може да ги покриете несовршеностите на лицето со видливи резултати веднаш!

Прајмер!

Базата за шминка ќе и даде сјај на вашата кожа и ќе ги покрие сите недостатоци, а нема да биде толку тешка за лицето колку течната пудра.

Прајмерот како мејкап алатка е извонреден производ, но мора да си признаеме дека повеќето девојки не се добро информирани за предностите кои ги нуди прајмерот.

Прајмерот на извонреден начин ја изедначува текстура на кожата, што може да претставува препрека за постигнување на посакуваниот младешки сјај.

CC крем!

Ако нанесете лесен слој од CC крем, ќе го изедначете вашиот тен, а кожата ќе може да дише.

Поправете го и подобрете го вашиот тен со CC кремот. Неговите пигменти за корекција на бојата даваат свеж и здрав изглед на кожата на лицето.

Формулата на CC кремот делува против знаците на умор, црвенилото, темните дамки и депигментацијата. CC кремот лесно се апсорбираат во кожата, ги покриваат сите флеки ја измазнуваат текстурата на кожата, правејќи ја рафинирана. Лесната текстура се впива во кожата, правејќи го нанесувањето пријатно за кожата.

Црвен кармин!

И за крај, еден трик што секогаш функционира. Со црвениот кармин вашите усни ќе бидат во прв план и никој нема да забележи дека немате шминка на лицето.

Црвениот кармин секогаш е добра идеја. Често го споредувам носењето на црвен кармин со сонце што сјае, зрачејки од мене, додава полет на мојот чекор.

Најдобриот начин да се создаде впечатлив изглед се црвените усни. Многу жени се плашат да експериментираат со црвената боја, но за среќа постојат нијанси на црвената боја за секоја жена, само треба да се пронајде.