Ослободете ја вашата љубопитност и станете урбан истражувач со новиот мирис Hugo Urban Journey!
#YourTimeisNow
Hugo Parfums го открива следното поглавје од кампањата #YourTimeIsNow со лансирање на новиот мирис, Hugo Urban Journey, создаден да ги охрабри милениалците да го истражат градот уште на прагот од нивниот дом пред да се впуштат во надворешниот авантуристички свет. Во најновата кампања ќе го видите амбасадорот на Hugo, Zac Efron, како ги бодри младите на денешницата да прифатат нови можности и да го живеат нивниот живот до максимум.
Hugo на чело на генерацијата која се бори да ги прави нештата на нејзин начин!
Повеќе од 20 години Hugo е на чело на генерацијата која се бори да ги прави нештата на нејзин начин. Генерација која верува дека животот постои за да се зграпчи. За да ги објави нивните приказни, Hugo Man ја лансираше кампањата #YourTimeIsNow во 2017 година, кампања која ги објавува оние кои ги прифаќаат новите предизвици во замена за живот дефиниран според нивните надежи и соништа.
Zac Efron – Имаме само еден живот и треба да го извлечеме максимумот од него!
Сега, Hugo Parfums ги кани истите тие трагачи по возбудливото, да го откријат неочекуваното и да ги побараат урбаните авантури околу нив. На чело со Zac Efron, кој всушност го прикажува истражувачот на градот, кампањата служи како потсетник кон младите на денешницата да ги збогатат нивните животи преку возбудливи искуства кои бетонската џунгла има да ги понуди.
„Лесно е да се движиш низ животот без замарање, и да го оставиш да ти поминува туку така, но ти можеш да го смениш тоа и да се впуштиш во потрага по нови авантури. Имаме само еден живот и треба да го извлечеме максимумот од него. Сега е времето да се истражи што е пред нас и што не очекува. Изберете авантура денес и дозволете и да ги промени гледиштата во вашиот живот. Твоето време е сега. Што чекаш?“ – Zac Efron – амбасадор на Hugo Man
Hugo Urban Journey гарантира инстантно будење и љубопитност!
Со енергични горни ноти од morina longifolia (вид хималајски цвет), а во срцевината ноти од интензивен, ароматичен црн чај, новата Hugo Urban Journey лимитираната едиција гарантира инстантно будење и љубопитност. Во основата гвајакум дрвото изразува мажественост и самоувереност, создавајќи балансиран портрет на идеалниот мирис за денешните милениумци.
Шишенце кое инспирираше генерации!
Олицетворение на авантуристичкиот дух на мирисот, обликот на шишенцето е култниот минималистички дизајн кој ги инспирираше генерациите и остана непроменет повеќе од 20 години – мотив за ненаситната жед на Hugo Man за истражување. Дизајнирано со иновативна технологија со изглед како на бетон, шишенцето ја доловува вистинската суштина на мирисот Hugo Urban Journey. На двете страни на пакувањето е прикажано шишенцето, канејќи го оној што го носи да ја промени неговата перспектива со цел да ја открие целосната слика.
Денес е денот! Зграпчи го!
Секое прскање со Hugo Urban Journey е удар кој не тера на акција и ни вели: Денес е денот! Зграпчи го!
#YourTimeIsNow