Инспирацијата од силата на природата! Davidoff Horizon
Davidoff го претставува својот најнов машки мирис наречен Horizon, кој ја симболизира врската помеѓу земјата и воздухот. Horizon ја црпи инспирацијата од силата на природата.
Елементот вода, заменет со елементот воздух!
Елементот вода, кој го одбележа култниот Davidoff Cool Water, во новото издание на Horizon е заменет со елементот воздух. Horizon претставува слобода, авантура и истражување.
Дрвенеста, зачинета и ароматична композиција!
Мирисната композиција е дрвенеста, зачинета и ароматична. Свежиот почеток претставува комбинација од цитрусниот карактер на грејпфрутот и слатка мандарина, ароматичен рузмарин и свежиот ѓумбир. Свежиот кедар и зачинетото мускатно оревче, се сместени во срцевината на парфемот, заедно со пачули, црно семе од сусам и јужноамерикански бибер. Базата на мирисот е составена од ветивер и екстракт од какао, давајќи му длабочина и заводливост на мирисот.
Davidoff Horizon е создаден од парфумерите Olivier Pescheux и Jacques Huclier.