Денес, брендот Davidoff е познат низ целиот свет како еден ултимативен стандард за ексклузивност. Во изворот на оваа успешна приказна, лежи основачот и самиот епоним: Zino Davidoff
Брендот Davidoff во своето портфолио брои повеќе од 80 парфеми, најстарото издание е од 1984 година, додека најновото од 2018.
Најпрепознатливите Davidoff парфеми се: Davidoff Cool Water за мажи и Davidoff Cool Water за жени!
Davidoff Cool Water за мажи!
Davidoff Cool Water за мажи е свеж, остар мирис, едноставен и многу мажествен. Во горните ноти се сместени нане, лаванда, коријандер и рузмарин, заедно со освежувачки морски ароми.
Во срцевината на композицијата има гераниум, нероли, јасмин и сандалово дрво. Основата е составена од кедарово дрво, мошус, килибар и тутун.
Парфемот го креираше Pierre Bourdon во 1988 година.
Davidoff Cool Water за жени!
Осум години по успешното лансирање на Cool Water за мажи, конечно е лансирана и женската верзија. Мирисот е многу смирен со акватични ноти, кои потсетуваат на океанско ветре и морска вода, овошје и дрва.
Горните ноти се слатки и привлечни, пријатни со цитрус, медена роса, дуња, ананас, лотос и лилјан. Срцевината е составена од нежни цветови: роза центифолија, јасмин и момина солза. Основата е составена од ноти на мошус, ванила, праска, сандалово дрво, ирис и ветивер.
Davidoff Cool Water за жени е креиран од страна на парфимеристот Pierre Bourdon во 1996 година.