Цветот на божур симбол на позитивна енергија! Dolce & Gabbana Dolce Peony

Мирисната линија Dolce на Dolce & Gabbana беше промовирана со лансирањето на парфемот Dolce во 2014 година, а потоа следеа три мирисни изданија: Dolce Floral Drops од 2015 година, Dolce Rosa Excelsa од 2016 година и во 2018 година Dolce Garden. Колекцијата е наменета за да се пренесе чувството на среќа, славејќи ги свежите цветни ноти поврзани со Сицилија, која е инспирација на модното дуо. Dolce мирисната колекција на сензуален и суптилен начин ја пренесува и ја интерпретира среќата со користење на цвеќиња како универзално разбирлив јазик.

Изобилство на свежо овошје и цветен раскош!

Петтиот мирис од линијата Dolce го слави цветот божур, симболот на позитивна енергија. Композицијата е носталгична и женствена, со изобилство на свежо овошје, цветен раскош и мед. Dolce & Gabbana Dolce Peony се отвора со блескави ноти на бергамот и сочни круши, акцентирани со розов бибер. Во срцето се развива цветен букет на божур, украсен со фрезија и бугарска роза, следени со пријатни и нежни ароми од жолта слива, пачули, килибар и мед за да се заслади финишот.

Виолетово шишенце крунисано со капаче во облик на цвет!

Мирисот Dolce Peony ќе биде достапен во 30, 50 и 75 мл, како Eau de Parfum, во виолетово шишенце крунисано со виолетово капаче во облик на цвет. Вратот на шишенцето е украсен со црна врвка.

Мирисот Dolce & Gabbana Dolce Peony се очекува на пазарот до крајот на месец Март 2019 година.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *