ДАЛИ СТЕ НА ЛИСТА! ОВА Е ПРИВАТНА ЗАБАВА! Carolina Herrera NYC 212 VIP Men

По женскиот мирис од 2010 година, Carolina Herrera лансира машко 212 VIP издание. 212 VIP Men е воден од страна на истиот слоган: “Дали сте на листа” и “Ова е приватна забава”. Парфемот е одраз на стилот и ставот на елита од New York, опишан како мирис за ноќни забави, мирис кој содржи ноти на џин и вотка.

За забавен, харизматичен и елегантен маж!

Мажот за кого е наменет овој мирис е забавен, харизматичен и елегантен, а кај другите буди страст и завист.

VIP изгледот е надополнување на VIP мирисот!

Мирисната композиција е со ориентално дрвенест карактер создадена од страна на Emilie Coppermann како експлозивен коктел.

VIP изгледот е само мало надополнување на VIP мирисот чија моќ се воочува преку елитниот почеток со овошните ноти, надополнети со акордите на кавијар лимета, смрзнато нане и црн бибер. Срцевината на господарот на забавите е како мирисот на оној коктел кој ја одржува свежината низ целата вечер односно мирисот на ладна вотка, ѓумбир и парче јаболко. Со уникатната маженствена и сензуална база господарат кралското дрво, амберот и тонка.

Амбалажата дава визуелизација на моќта на мирисот!

Моќта на амбалажата дава визуелизација на моќта на мирисот. Шишето е во форма на моќно пресечен блок кој сјае јасно во мистериозната темнина на ноќта. Метално сребрениот горен дел овозможува исполиран краен допир кој го поседува секоја VIP појава.

Лицето на кампањата е модел на Jon Kortajarena.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *