- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Серумот Advanced Génifique во бјути круговите е присутен подолго време. Најновата измена на формулата вклучува состојки кои се резултат на 16 години истражувања и скоро 15 милиони продадени шишенца, што дефинитивно овој серум го вбројува во списокот на најпопуларни производи кога станува збор за напредна нега на кожа.

Advanced Génifique серумот нуди видлива промена и резултати само по седум дневна употреба, што им дава шанса на најнестрпливите да дојдат до фазата на задоволство со овој производ.

Серумот гарантира сјај, цврстина, подобрена еластичност и нежна површина на кожата. Состојките одговорни за овие подобрувања на кожата се патентирани, а една од клучните е bifidus екстрактот, кој ја враќа рамнотежата на бариерата на кожата. Новата формула е подобрена со седум пребиотици и пробиотици кои влијаат на микробиомот на кожата за брзо регенерирање, што резултира со подмладена кожа.

Серум кој ја враќа рамнотежата на микробиомот!

Кожата е дом на цел микро свет, составен од здрави бактерии и габи кои играат огромна улога во одржувањето на здравјето на кожата. Различни состојби на организмот, исхраната и стресот се рефлектира во овој микро свет кој има задача да балансира и да одржува рамнотежа, а со тоа кожата ќе биде здрава. Кај најчестите кожни состојби за кои се смета дека се проблематични, секогаш постои нерамнотежа на микробиомот, затоа мора да се одржува со цел да се врати здравјето на кожата. Серумот Advanced Génifique и помага на здравата кожа да одржи баланс, а оштетената кожа ја враќа во здрава состојба, односно состојба на рамнотежа.

- Реклама -

Ова е производ во склоп на нега на кожата и го препорачувам и на 20-годишници и на 60-годишници како основа за здравје и елиминирање на знаците на стареење. Серумот е богат со антиоксиданси и ја штити младата кожа од секојдневно оштетување од УВ зраците и штетните ефекти од нечистиот воздух, а кај постарата кожа ги поправа оштетувањата и штити од формирање на нови.

Значајна состојка и основа на овој производ е хијалуронската киселина, златен стандард за хидратација што на кожата и ја обезбедува потребната влажност и со тоа ја измазнува.

Маја Тилевска, основач на УБАВИНА ЗА СИТЕ

Високи стандарди во производството!

Мора да се нагласи дека ова е производ на брендот Lancôme, што подразбира високи стандарди во производството. Покрај тоа, ниту еден од нивните производи или состојки не се тестира на животни и брендот е лидер во алтернативни методи повеќе од 30 години.

Серумот Advanced Génifique е добитник на 130 меѓународни награди засновани на клинички испитувања, проследени со престижни награди засновани на оценките од потрошувачите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ubavina za site (@ubavinazasite)

Што друго ќе ни донесе оваа подобрена формула, ќе покаже времето! Дерматолозите го сакаат серумот токму затоа што ги комбинира способностите за одржување на здравјето на кожата и борбата против стареењето. Поради тоа кај се повеќе задоволни клиенти овој серум влегува во дневните рутини, па затоа серумот е препорака за секојдневната борба за здравјето на кожата.

Морам да нагласам дека ова е еден од производите што подеднакво е препорачуван за мажите, токму поради неговата лесна примена и фантастичен ефект врз здравјето и убавината.

Маја Тилевска, основач на УБАВИНА ЗА СИТЕ

Впечаток?

Самата го користев овој серум во неколку наврати, така што неговиот ефект за рехидратација и сјај на кожата ми е познат. Кај новата формула после првата апликација забележав промена во однос на брзината на апсорпција. Прв впечаток? Луксузната формула и свиленкастото чувство би рекла дури и малку масниот серум на кожата се апсорбираше за неколку секунди. Морам да признам дека ова е важно за сите кои живеат динамично и секое скратување на рутината за убавина е добредојдено. По нанесувањето, кожата е без масни траги, инстантно е мека и воздушеста, а по неколку дена добива дополнителен сјај.

Совршен за проблематична кожа!

Секогаш се борам со советите за пријателките кои имаат проблем со црвенило на кожата. Ви ги цитирам зборовите од една моја пријателка: „Мојата кожа е чувствителна, склона кон иритација и акни. Започнав да користам Advanced Génifique серум и после две недели редовна употреба кожата ми се смени: таа е посмирена и мазна, нема знаци на црвенило или локални воспалителни места и помалку се масти. Досега немав пронајдено производ што е така делотворен за моето лице“.

Маја Тилевска, основач на УБАВИНА ЗА СИТЕ

фото и шминка: MakeUp by Meri