- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Кога би имале магично стапче за убавина, прво нешто што би направиле е да ги избришеме порите од лицето. Овие мали досадни дупчиња се пречка за создавање мазно, беспрекорно платно за нанесување на шминка. Бидејќи волшебно стапче не постои – мораме да посегнеме по производи кои го минимизираат изгледот на порите. Тие производи обично се во форма на прајмери или серуми, но дали некогаш сте се запрашале како „функционираат“ овие производи? Дознајте повеќе во продолжение!

Што содржат производите што го минимизираат изгледот на порите?

Таквите препарати обично се потпираат на силиконски честички, кои даваат оптички ефект на измазнета кожа. Овие честички собираат светлина од површината на кожата правејќи ги порите мазни и „замаглени“ за човечкото око. Производите за минимизирање на изгледот на порите како што се серумите или прајмерите, исто така можат да го минимизираат изгледот на експресивните фини линии на лицето.

Како да ги користите за најдобри резултати?

Овие прајмери се нанесуваат на добро хидрирана кожа. Најдобро е да се фокусирате на регионите каде што порите се зголемени и видливи со голо око, како што се: Т-зоната, регионот на носот и челото. Овие силиконски честички функционираат „моментално“, но тие се привремено решение што значи дека кога ќе го отстраните производот од кожата ефектот исчезнува.

- Реклама -

За подолготраен ефект на пополнување на порите мора да се посветите на рутина за нега на кожата. Зголемените пори често се резултат на вишок на себум и нечистотии кои се „заглавени“ во порите што ги прави видливи. За да ги одржувате порите чисти, не заборавајте редовно да го чистите лицето, користете пилинзи и маски од глина во вашата рутина за убавина. Покрај тоа, серумите базирани на ниацинамид и салицилна киселина дополнително ќе помогнат вашата кожа да биде чиста и со минимализиран изглед на порите. Еднаш месечно треба да одите на хигиенски третман за чистење на лицето кај козметичар.