- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Секоја година The Fragrance Foundation ја доделува наградата Fi-Fi која може да се опише како еден вид на Оскар во светот на парфемите. Членовите на жирито гласаат за парфеми во повеќе категории со цел да ги издвојат најдобрите од најдобрите. Оваа година, Fragrance Foundation ја додели наградата за најдобар женски мирис за 2020 година во категоријата Women’s Prestige на мирисот Idôle од брендот Lancôme.

Lancôme гордо стои зад оваа награда!

Пред само една година, Lancôme го создаде овој мирис инспириран од модерната генерација на жени кои ги предизвикуваат општествените норми и создаваат свои правила за успех. Од едноставност до безвременско шише, Idôle создаде нова перспектива во светот на мирисите. Токму од таа причина, тој се искачи на тронот за најдобар женски мирис во 2020 година во категоријата на престижни мириси – како вистински идол. Како најтенко шише на светот, неверојатно лесно и погодно за секоја пригода, создадено е да служи како постојан потсетник за бесконечните можности на жените. Lancôme, кој и самиот ја промовира успешната приказна, гордо стои зад оваа награда.

Зошто да го вклучите Idôle во вашата колекција на мириси?

Во секоја жена постои идол и секоја жена е идол – тоа е доволно добра причина да го вклучите овој парфем во вашата колекција на мириси. Тој е како повик да верувате во себе, да се надминете себеси и да трасирате нови, сопствени патишта. Многу технички достигнувања и иновации се засноваат на верувањето дека невозможното е само можност што чека реализација. Пример за ова е шишето со парфемот Idôle – најтенко во светот со 15 mm дебелина. Зарем тоа не е повеќе од достигнување?

- Реклама -

Zendaya заштитно лице на парфемот Idôle!

Idôle е симбол на храброст, доказ за неограничени можности. Како колективен изум, Idôle се појави благодарение на соработката на три таленти. Тројца пронаоѓачи на парфеми од три континенти, три сензибилитети, a една љубов кон мирисите. Покрај тоа, Idôle ја претставува американската актерка Zendaya Coleman. Како заштитно лице на парфемот Idôle, Zendaya ја отелотворува новата генерација на жени и со нејзиниот успех ги инспирира другите, ги поместува вообичаените граници и придонесува за промените во светот.

Сè друго освен здодевен! Новиот Idôle L’Intense парфем!

Со оглед на тоа што Lancôme отсекогаш ги следи трендовите, лансира нова и поинтензивна верзија на својот класик, а станува збор за Idôle L’Intense парфем кој навистина е незаборавен мирис на роза. Овој парфем е сè друго освен здодевен. Создаден е за оние кои сонуваат големи соништа, за новата генерација на жени кои се силни и отворени, вистински лидери на утрешнината.