Парфеми инспирирани од убавината и тајните на Источниот свет! Montale Paris

Парфемите на брендот Montale се инспирирани од убавината и тајните на Источниот свет, создадени помеѓу процесот на учење и чудесната чиста убавина. Брендот Montale своите мирисни креации ги компонира со материјали во кои има доверба како што се: роза, темјан, килибар, кедар, скапоцено дрво и илјада други прекрасни мирисни акорди.

Новитетите од Montale во чии мириси ќе уживаме се: Oud Dream, Vetiver Patchouli и Sensual Instict.

 

Montale Oud Dream

Прекрасен егзотичен, зачинет и меден мирис, нежно сладок и дозирано мажествен, Oud Dream е сензуален и магичен мирис. Присуството на роза, оуд и пачули создаваат чувство како да сте во сон. Новата префинета креација е со доминантни кожни ноти.

Montale Vetiver Patchouli

Мирисот Vetiver Patchouli е израз на софистицираност, чија свежина не може да ја маскира хипнотизирачката моќ на мирисните акорди. Смелото присуство на розов бибер и печено кафе со мистериозноста на розата и магнетната топлина на листовите од пачули, му даваат на овој парфем вистинско присуство на мажественост.

Montale Sensual Instict

Sensual Instict е силен и впечатлив мирис кој ги комбинира енергичните ноти на печено кафе и пралине, што создава баланс на смирувачка сензуалност. Мирис кој е сублимат од скапоцени ноти на килибар, суптилност на кедрово дрво и шеќерна репка. Неодолива граница на елегантна и ѕверска опсесивност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *