Ново поглавје на Gucci Guilty парфемите!

#ForeverGuilty

Женскиот мирис Gucci Guilty беше лансиран во 2010 година, по што во 2011 година претставено беше машкото издание Gucci Guilty Pour Homme. Во меѓувреме, Coty ја презема лиценцата на Gucci парфемите и Alessandro Michele станува креативен директор на брендот. Мирисната колекција добива нова насока со лансирањето на Gucci Guilty Absolute и Gucci Guilty Absolute pour Femme изданијата во 2017 година, создадени во соработка со парфимерот Alberto Morillas.

Jared Leto и Lana Del Rey во новата рекламна кампања!

Нова естетика и нова рекламна кампања олицетворена од актерот и пејач Jared Leto. Во јануари 2019 година ќе биде лансирана новата верзија на Gucci Guilty Pour Femme, која ќе биде придружувана со рекламна кампања, каде на ѕвездата Jared ќе му се приклучи познатата американска пејачка Lana Del Rey.

Lana Del Rey – Dazed магазин – Лето 2017

Кампањата е снимена на гробиштата во Лос Анџелес, локација која веќе беше инспирација за модната колекција на Gucci за сезоната пролет/лето 2017 година. Кампањата беше снимена од Glen Luchford по замисла на Alessandro Michele, а во кампањата се појавува и рок-ѕвездата Courtney Love.

Lana Del Rey, Alessandro Michele, Jared Leto и Courtney Love

Хаштагот #ForeverGuilty за најнови вести во врска со лансирањето!

Новиот Gucci Guilty Pour Femme ќе биде лансиран во средината на месец Јануари 2019 година, како Eau de Parfum во шишенце со форма како на оригиналното машко издание. Следете го хаштагот #ForeverGuilty за најнови вести во врска со новото лансирање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *