- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Дали треба да ја менувате пудрата со промена на годишните времиња? Сигурно ова прашање си го поставувате со доаѓањето на пролетта?

Почетокот на пролетта сигурно треба да се дочека со неколку нови мејкап производи кои треба да се прилагодат на потоплото време, а еден од најважните мејкап производи е течната пудра.

За пролетните месеци на лицето му треба сосема поинаков третман!

Во текот на зимскиот период обично се користи интензивна шминка и течна пудра со голема покривна моќ која што овозможува дополнителна хидратација на кожата. Но, за пролетните месеци на лицето му треба сосема поинаков третман. Со доаѓањето на пролетта, кожата повеќе не е изложена на ниски температури и сув воздух во затворени простории, што сигурно оди во прилог на здрав и свеж изглед на кожата.

Нова пудра со лесна текстура!

Пролетта е вистинското време за промена на вашата мејкап рутина и освежување на кожата со нов хранлив крем прилагоден на типот на кожата, како и нова течна пудра со лесна текстура и со средна покривна моќ што ќе и даде на вашата кожа природен, светол и свеж изглед.

- Реклама -

Течна пудра со лесна текстура најдобро е да се нанесува со блендер за да се избегне ефектот на “маска”,  но ако сакате подобро покривање на недостатоците на вашето лице нанесете ја пудрата со соодветна четка.

Разредете ја пудрата што ја користевте во текот на зимата!

Ако сметате дека на вашата кожа и одговара течната пудра што сте ја користеле во текот на зимата, ќе може да продолжите со нејзина употреба во текот на топлите денови ако разредете неколку капки од пудрата со хидрантен крем. На овој начин се постигнува природен, светол изглед на лицето. Сличен ефект може да се постигне ако пудрата се меша со течен илуминатор-осветлувач кој исто така ќе му даде светлина и свежина на лицето.