- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Секоја нова сезона носи изобилство на нови козметички производи во парфимериите и секој на свој начин ве примамува да го испробате, а дел од новите производи порано или подоцна ќе се најдат на полиците кај повеќето жени. Некои од нив ќе ве воодушеват, некои нè, односно ќе ве остават рамнодушни, но покрај големиот број на иновации во областа на декоративната козметика што предизвикуваат воодушевување, паралелно сè уште постои сегмент на мејкап класици, чија популарност едноставно невозможно е да се наруши.

Маскари со лојална публика, феноменални резултати во продажбата и култен статус!

На пример, тоа се црните маскари – мејкап производ што секогаш го имаме покрај себе и кој претставува основа на секој женски козметички несесер. Доколку ги следите бјути трендовите, сигурно сте свесни дека во парфимериите се нуди некоја нова маскара која ветува револуционерни резултати и импресивен изглед на трепките. Неспорно е дека нивните формули се помодерни, напредни и резултираат со се поголеми ефекти врз трепките, но има некои стари и легендарни маскари кои со години нудеа сè што очекувавме од совршената маскара и токму затоа тие сè уште имаат лојална публика, феноменални резултати во продажбата и култен статус.

Max Factor 2000 Calorie маскара!

„Две илјади калории“ навистина е иконска и безвременска маскара која продолжува да царува на полиците во парфимериите, а покрај обичните потрошувачи ја обожаваат и професионалните шминкери. Лансирана пред повеќе од две децении кога го започна трендот на убави, волуменозни трепки и беше инспирација на другите брендови да започнат со претставување на слични маскари. Сепак, малку маскари и дојдоа до „колена“ на легендарната 2000 Calorie маскара! Дури и денес го обожаваме до три пати поголемиот волумен што го постигнуваме и фактот што е совршено постојана со часови.

- Реклама -

Maybelline Great Lash маскара!

Поголем стаж од Max Factor 2000 Calorie има маскарата Great Lash со потпис на Maybelline. Во продажба повеќе од 40 години, продолжува да биде омилена во Америка. Жените кои ја користат ја сакаат нејзината формула која дава двапати поголем волумен на трепките, односно ги прави подебели и подолги, а истовремено ги негува. Оваа маскара –  повеќекратен добитник на награди за убавина може да се пофали со паметна четка која прецизно ги опфаќа сите трепки, од коренот до врвот.

Dior Diorshow маскара!

Како одличната маскара да ја направите уште подобра! Ова минатата година го покажа брендот Dior. На својата култна Diorshow маскара ја подобри формулата со микровлакна кои визуелно создаваат ефект на екстензии на трепките. Оваа луксузна маскара е ефикасна во создавањето на подебели, издолжени и закривени трепки, со што го отвора погледот, откривајќи ги големите и убави очи. Лесно се нанесува и надградува до посакуваниот ефект и останува постојана на трепките без страв од размачкување.

YSL Baby Doll маскара!

Духот на „haute couture“, односно високата мода, YSL го внесе во својата маскара Baby Doll која со години има лојална публика. Таа во прв план ги истакнува сензуално и драматично нагласените трепки, кои се постигнуваат со иновативната структура на четката со две должини на влакната. Подолгите ги покриваат трепките со боја и ги задебелуваат, додека пократките влакна ги дефинираат дури и најмалите трепки, една по една, од коренот до врвот. Исто така, постои интензивен пигмент кој гарантира вистински црни трепки и волумен кој трае до 24 часа.

L’Oreal Paris Volume Million Lashes маскара!

Уште еден адут во парфимериите – кога се работи за маскари – пред неколку години понуди брендот L’Oreal Paris. Volume Million Lashes е оригиналната маскара која во меѓувреме доби неколку наследнички – Million Lashes Excess, Million Lashes Luminizer, Million Lashes So Couture… – но класикот е класик! Volume Million Lashes маскарата ви овозможува да ги „милионизирате“ вашите трепки, да ги направите трипати поизразени и волумизирани. Маскарата е обожавана и поради идеалната доза на пигмент, со што се избегнува нанесување на прекумерна количина маскара на трепките и создавање на грутки.