Ревитализирачки балсам за усни, производ кој ќе ги промени вашите навики.
Во 2009 година од страната на брендот Dior беше креиран првиот балсам за ревитализација на усните, наречен Dior Lip Glow.
Peter Philips, креативниот директор на Dior Make-up, изјави:
„Тоа е балм кој има малку боја комбинирана со убавото чувство кое го носи балсамот за усни.“
Овој неопходен тониран балсам стана must-have производ за моделите, причина заради која е есенцијален производ на мајкап артистите на Dior кои работат зад сцената. Тоа е место каде што се случува посебна креатива, место каде што модата и убавината се спојуваат во една хаотична атмосфера пред почетокот на модната ревија.
“Dior Lip Glow е балсам, но е и многу повеќе од тоа. Стана важен дел од рутината на секоја жена, бидејќи е фантастична комбинација на производ за нега и мејкап производ. За да го нанесете, нема да ви биде потребно огледало“ – вели Peter Philips.
Неговата тајна лежи во тоа совршениот баланс помеѓу мејкап и нега, како и познатата Color Reviver технологија која овозможува формулата на производот да реагира на pH вредноста на усните и на тој начин да ги ослободи активните состојки кои на усните им ја даваат природната розова боја. Составот на овој производ е збогатен со путер од манго кој дава чувство на удобност и ги хидрира усните 24 часа во континуитет.
Lip Glow стана must have за сите кои сакаат убави усни што изгледаат совршено природно!
Свежи и нови нијанси!
Денес, семејството на Dior Lip Glow открива нови аспекти со свежи и пријатни нови нијанси, но пред сè, нови дефиниции како одговор на сè она што го сакаат жените.
“Десетте нови нијанси во колекцијата Dior Lip Glow обезбедуваат градација на бои во една палета на розово во согласност на секој тон на кожа” – вели Peter Philips.
Во однос на двете нови Glow нијанси, Raspberry и Ultra Pink, Dior открива две нови текстури: Matte Glow, првата мека-мат, како мелем и Holo Glow, балсам со сјајна текстура.
„Создавајќи ја формулата во лабораторијата, откривме дека можеме да креираме Lip Glow со мат финиш. Тоа е тониран мелем со заматен ефект кој ги подобрува усните без ефект на шминка“ – вели Peter Philips.
Тоа е формула која има потхранувачки својства збогатени со путер од манго и масло од брусница. Ја задржува технологијата на обновување на усните и дава розов ефект. Како бонус, новиот кадифен мат финиш на Dior дава и транспарентна боја. Лесно се нанесува и изгледа природно.
Peter Philips создаде две нови розови нијанси кои одговараат на сечија боја на кожа.
Matte Pink, мека-мат варијација на познатата Pink нијанса и Matte Raspberry, впечатлива розева нијанса.
„Holo Glow нијансата има ефект на сатен и повеќе се забележува поради формулата што рефлектира поинаква нијанса. Многу едноставно и брзо се нанесува, така што вие само поминувате со раката од лево кон десно и нема потреба да се погледнете во огледало“ – изјавува Peter Philips.
Let’s Glow Girls!
Во оваа нова кампања на Dior Make-up, топ моделот Bella Hadid уште еднаш се најде на позната територија, бекстејџот на шоуто. Гледано низ блендата на Cass Bird, во една сосема нова бекстејџ ситуација, Bella, Кралицата на сјајот и нејзината армија од пријателки се на подиум, каде што е очигледна нивната зависност од новите нијанси на Dior Lip Glow, проследено со уникатниот слоган “Let’s Glow Girls!”