Makeup Revolution X Friends Collection #2

Дали знаевте дека мејкап линијата инспирирана од серијата Пријатели, која неодамна беше претставена се распродаде во рекордно време? Сега, лансирана е уште една, втора колекција на брендот Makeup Revolution X Friends која е посакувана уште повеќе од првата. Колекцијата содржи нови палети на сенки за очи, пилинг за усни, пилинг за тело, путер за тело…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Revolution Makeup (@makeuprevolution)

He’s Her Lobster Eyeshadow Palette

Прекрасна палета од 21 нијанса на сенки за очи со топли тонови. Содржи богати кафени, корални, неутрални и златни светкави нијанси. Сенките се долготрајни, лесно се блендираат и се високо пигментирани. Палетата нуди голем избор на нијанси за да бидете креативни и да ја креирате вашата омилена шминка од 90-тите. Палетата е дизајнирана во форма на јастог, а имињата на сенките се инспирирани од познатиот десерт на Рејчел – „Beef Triffle“, фотелјата на Џои – „Rosita the Seater“, телевизорот на Џои – „Stevie the TV“, легендарната изрека на Чендлер „Could I Be…“…

Open The Door Eyeshadow Palette

Палета на сенки дизајнирана во форма на жолта рамка, инспирирана од препознатливата виолетова врата од станот на Моника. Богати кафени, живописно розови, корални, неутрални и златни светкави нијанси, оваа палета има сè што ви треба за да создадете мејкап изглед достоен за освојување на Gellar Cup. Имињата на сениките се инспирирани од името на стрипот што Фиби му го украде на Рос – „Science boy“ , улогата на Џои – „Dr. Drake Ramoray“, лапсузот на Рос на неговата венчавка со Емили – „I Take Thee Rachel“, кога Рејчел дознава дека Рос е вљубен во неа „Prom Video“…

- Реклама -

Take a Drive Eyeshadow Palette

Дизајнот на оваа прекрасна палета е во форма на жолтото такси од Фиби, кое таа го наследи од нејзината баба и го возеше во серијата. Со богати кафени нијанси, сиви тонови, сини и златни светкави нијанси, оваа палета има сè што ви треба за да креирате smokey eye изглед, за кој ќе ви биде потребно помалку време отколку Фиби да ве вози до аеродром. Имињата на сенките се инспирирани од случки во серијата – кога шефот на Рос му го изеде сендвичот „You Ate My Sandwich“, кога Рејчел го учеше Џои да едри „Sailing“ , омиленото јадење на Џои „Pizza“, Божиќниот подарок на Џои и Чендлер за Фиби „Toilet Seat Cover“…

Grab a Cup Face Palette

Совршена палета за контурирање на вашето лице.  Надополнета со 3 хајлајтери, оваа палета има сè што ви треба за да го истакнете вашиот изглед. Палетата е во форма на шоља за кафе со лого од иконското кафуле „Central Perk“, а нијансите се именувани по омилените кафиња – „Espresso“, „Latte“, „Iced“, „Mocha“…

Espresso Body Butter

Овој лосион за тело со мирис на ванила е густ, богат и кремаст. Ја хидрира и омекнува кожата, но без да ја прави леплива или мрсна. Брзо се апсорбира, и кожата изгледа сјајно.

Espresso Body Scrub & Reusable Cup

Го барате најдобриот пилинг за тело со мирис на кафе? Овој пилинг за тело е совршен за вашата кожата да биде мека, освежена и мазна! Пакувањето е повторно употреблива стилска чаша за кафе со логото на Central Perk.

Caramel Latte Lip Mask

Оваа ултра хидрантна маска за усни со вкус на карамела помага во негување на усните, оставајќи ги меки и мазни! Овој производ нуди висок сјај на усните и може да се користи во текот на денот или преку ноќ како мелем за негување на усни.

Vanilla Latte Lip Scrub

Пилинг за усни што ги отстранува мртвите клетки и помага сувите усни да ги чувствувате мазни, хидрирани и во совршена состојба за бакнување.

Bath Fizzers

Опуштете се во вашата бања со шумливите купки од Revolution X Friends. Овие уникатни „bath bombs“ се совршени за роденденски подарок или подарок за себе или за било кој обожавател на ТВ серијата Пријатели! Достапни се во четири иконски дизајни со луксузна арома.

Каде може да ги набавите производите од колекцијата Пријатели?

Целата колекција можете да ja набавите на веб-страницата на брендот Revolution Beauty.