Најпродаваниот парфем во изминатата деценија Chanel Coco Mademoiselle во ново интензивно издание!
Најпопуларниот модерен парфем од Chanel и еден од најпродаваните парфеми во изминатата деценија Chanel Coco Mademoiselle, креација на Jacques Polge од 2001 година, претставен е во ново издание – Coco Mademoiselle Intense.
Моќен, длабок и неодолив!
Coco Mademoiselle Eau de Parfum Intense е претставен како нов лик на Coco Mademoiselle, моќен, длабок и неодолив.
Екстремни дози на пачули за раскошна композиција!
Модерната chypre композиција и ориентално-дрвенестите акорди со цитрусни, цветни и дрвенести тонови истакнат со екстремни дози од пачули и амбер, го прават новото издание неодоливо. Мирисните ноти на пачули најавени се како екстремни, блескави и раскошни. Топлите и женствени акорди на амбер се постигнати со комбинација на тонка грав и ванила од Мадагаскар. Новата мирисна композиција е потпишана од Olivier Polge.
Coco Mademoiselle Eau de Parfum Intense е достапен во количини од 50 и 100 ml.