- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Секоја нова сезона редовно ни донесува возбуда, особено при преминот од зима кон пролет, бидејќи деновите се подолги и се повеќе се дружиме на отворено. Се запознаваме и со многу пролетни бјути трендови. Да го освежите козметичкиот несесер стана речиси едноставно како и освежувањето на гардеробата, па како што ја спремаме зимска облека да направи простор за онаа пролетната, така ги менуваме и бјути рутините и се наклонуваме кон некои нови козметички производи, кои ќе донесат свежина на лицето.

мејкап артист

Производи кои лесно се апсорбираат и се поволни за нејзината нега!

Често зборуваме за тоа како во пролетните денови треба да направиме простор за полесни козметички производи, со текстури кои лесно се апсорбираат во кожата и ќе бидат поволни  за нејзината нега, бидејќи временските услови во пролет не се толку лоши. Освен кај препаративната козметика, промените се случуваат и во светот на декоративата. Мејкап производите со длабоки, темни и загасени нијанси паѓаат во втор план, а во центарот на вниманието доаѓаат светли и живописни бои и производи кои на лицето оставаат освежувачки впечаток, постигнувајќи ефект на кожа која е облеана со роса или сонце, а со приближување на летните денови бронзерите добиваат сѐ повеќе внимание.

Пролетни бјути трендови!

Подолу ви ги претставувам пролетните бјути трендови кои можете да ги испробате веќе денес. Ако не ги испробате веднаш, ќе ви дадат добра насока за она што ве очекува во светот на убавината оваа пролет.

Smokey eye со нежни земјени нијанси!

бјути трендови smokey eye со нежни земјени нијанси
Smokey eye со нежни земјени нијанси

Бронзени контури + хајлајтер!

пролетни бјути трендови бронзени контури + хајлајтер
Бронзени контури + хајлајтер

Кремасти и сјајни текстури на очните капаци!

пролетни бјути трендови кремасти и сјајни текстури на очните капаци
Кремасти и сјајни текстури на очните капаци

Корални нијанси на усните!

пролетни бјути трендови корални нијанси на усните
Корални нијанси на усните

Интензивно црвен кармин на усните!

пролетни бјути трендови интензивно црвен кармин на усните
Интензивно црвен кармин на усните
- Реклама -