Во светот на убавината, веѓите се во постојан фокус, што не е изненадувачки бидејќи тие ја прават најголема разлика на лицето. Но, знаеме дека за пополнување на веѓите потребно е многу време и сигурно посакувате како би било идеално, ако може да се разбудите со перфектно обликувани веѓи? Но, пред да се одлучите за јапонско исцртување на веѓите, ви препорачувам да се обиде со Maybelline Brow Tattoo peel-off гел во боја со кој се постигнува ефектот на привремена тетоважа.
Прво и основно, потребно да изберете од достапните нијанси, бојата што е вистинска за вас и ќе ви бидат потребни само…
3 чекори за совршени веѓи
Шансата за веѓи од вашите соништа никогаш не била поблиску! Всушност, вие сте само на 3 лесни чекори од совршени веѓи:
Нанеси!
Со цел да се постигне најдобар ефект, важно е пред нанесувањето да се исчисти пределот околу веѓите за да се отстранат сите нечистотии, траги од маснотии и да се погрижиш пределот околу веѓите да биде сув. Иновативната формула Maybelline Brow Tattoo peel-off гелот во боја се нанесува лесно со четка со која имате целосна контрола и самата формула е доволна густа за да не растекува по лицето. Кога ќе ја исцртате вашата совршената форма на веѓите, потребно е да…
Почекај!
За формулата да делува, потребно е да почекаш најмалку 20 минути за да се исуши, така што бојата останува на кожата. Ако формулата ја оставите подолго, да речеме неколку часа, резултатот ќе биде задебелени веѓи со интензивна боја кои ќе траат подолго. После тоа, време е формулата да се…
Излупи!
Откако ќе се исуши, се што е потребно е да го излупите производот и да ги откриете вашите совршени веѓи! Препорачливо е формулата на Maybelline Brow Tattoo peel-off гелот во боја да се излупи во правец на растот на влактана на веѓите. Самата формула е доволно нежна за да не се скинат влакната на веѓите, но само остава трага од боја на кожата која придонесува за бујност на вашите веѓи.
Како совршено обликуваните веѓи да траат што е можно подолго?
Се разбира, кога ќе се постигне идеална форма на веѓите, разбирливо е дека не сакате да се откажете од нив, па затоа е важно до 24 часа од употребата на Maybelline Brow Tattoo peel-off гелот во боја да избегнување примена на производи за отстранување на шминка на пределот околу веѓите. Исто така, ако сакате овие веѓи да траат до 3 дена, неопходно е да ја оставите формулата да се исуши два часа во текот на ноќта.