Како дел од секојдневната мејкап рутина, маскарата е една од најпопуларните и најпродаваните производи за убавина. Додека нејзините фанови секогаш се во потрага по нова, уште подобра маскара која максимално ќе ја истакне должина и волуменот на трепките, брендовите за убавина во исто време постојано се во потрага по нови и иновативни формули и четки кои ќе го обезбедат посакуваниот wow ефект.
Исто така, многу бјути ентузијасти ќе се согласат дека на пазарот денес може да се пронајдат голем број на маскари со прифатливи цени кои нудат одлични перформанси.
Maybelline маскари – бјути фаворит на полиците во парфимериите!
Кога зборуваме за маскари, брендот за убавина Maybelline веќе години наназад го носи статусот на најпопуларен бренд во парфимериите. Приказната за Maybelline маскарите започна со нивната култна Great Lash маскара која на пазарот се појави пред повеќе од четириесет години и остана едена од најголемите бестселери. Во годините што следеа, популарниот американски бренд за убавина продолжи да работи на нови маскари кои нудеа трајни формули и четки кои го создаваа оној wow ефект кој секогаш го бараме кај совршената маскара.
За максимално истакнат волумен и неверојатна должина, ова е изборот на топ 5 Maybelline маскари кои никогаш нема да ве разочараат.
Great Lash
Maybelline Great Lash маскарата и по 40 години зад себе има сè уште голем број фанови. Освен што им дава волумен на трепките, односно ги прави подебели и подолги, оваа култна маскара се издвојува со својата формула која истовремено ги храни трепките.
Total Temptation
Додека Great Lash маскарата е фаворит со култен статус, Total Temptation маскарата е последниот фаворит во светот на маскарите со потпис од брендот Maybelline. Иако беше лансирана оваа пролет, Total Temptation маскарата за wow ефект на секоја трепка, веќе освои милиони фанови.
Lash Sensational
Lash Sensational е уште еден бестселер меѓу Maybelline маскарите на која се враќаме и покрај новите маскари кои речиси секојдневно пристигнуваат во парфимериите. Зошто? Бидејќи го создава токму она што го ветува името на маскарата, сензационални трепки кои го истакнуваат погледот и совршено го заокружуваат секој мејкап изглед.
The Colossal Volum’ Express
Исто како Lash Sensational, Maybelline The Colossal Volum’ Express маскарата позади себе има неколку успешни години на мејкап сцената и милиони фанови. Омилена меѓу мејкап артистите, но и на полиците во секоја парфимерија, The Colossal Volum’ Express маскарата ќе ги воодушеви сите оние кои се во потрага по ефектен волумен на трепките.
The Falsies Push Up Drama
Последната во серијата на најдобри маскари од Maybelline е The Falsies Push Up Drama. Иако првичната еуфорија која беше предизвикана од нејзиното лансирање брзо спласна, оваа маскара остана омилена кај голем број девојки, а посебно кај мејкап артистите за постигнување на ефект на вештачки трепки.