Ретко која жена е потполно задоволна со изгледот на својот тен кога ќе стане наутро од кревет, но затоа тука е шминката да го спаси денот и бледиот и безживотен тен да се претвори во оној беспрекорен, свеж и полн со живот. Во постигнувањето на оваа илузија, секако најмногу помага руменилото, што на лицето не му дава само боја, туку и толку многу сакана свежина.
Вашето лице ќе добие природен сјај и свеж впечаток!
Дали знаете за овој бјути трик со руменило за кој ќе ви треба буквално една минута, а на вашето лице ќе му даде природно сјаен и свеж впечаток? Тој трик всушност е ас во рацете на мејкап артистите, создаден како одговор на честите барања, да се создаде мејкап изглед кој на лицето ќе му обезбеди покривање на несовршеностите, но истовремено природно чувство на кожата, како да нема шминка, со малку боја на образите. За овој идеален мејкап изглед за секој ден, нема да ви треба нов производ, туку само руменило и пудра, а по потреба и други мејкап производи што веќе ги имате во вашиот несесер.
Добро нахранета, хидрирана и избалансирана кожа, ќе ви заблагодари со најдобар изглед!
Клучниот дел во овој трик е тоа што руменилото се нанесува под, а не над основата односно пудрата. За почеток, неопходно е лицето добро да се хидрира и да се подготви за нанесување на шминка. Кожата која е добро нахранета, хидрирана и избалансирана, ќе ви заблагодари со најдобриот изглед на шминката што ќе ја нанесете. Откако ќе ја негувате, на кожата нанесете крем руменило и тапкајте го со прстите на кожата, без да го размачкувате, ставајќи акцент на зоната околу јаболчиците. Откако руменилото ќе се исуши, нанесете пудра која нежно ќе ја тапкате на кожата, особено во областа околу образите каде што претходно сте нанеле руменило.
Конечен ефект од мејкап трикот!
Светлата боја на руменилото што продира низ течната пудра и делува како да доаѓа одвнатре, од длабочината на кожата е знак на нејзиното здравје и свежина. Руменилото со овој трик ќе изгледа многу повеќе природно и речиси е невозможно да претерате со нанесување на руменилото, како што понекогаш може да се случи кога си поигрувате со него, предизвикувајќи нанесување на прекумерна количина врз пудрата. Со замена на редоследот на користење на производите, ќе постигнете светол и здрав изглед на лицето за секој ден, а тоа нема да ви одземе повеќе време отколку што вообичаено трае нанесувањето на пудра и руменило.