- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Сакајте ја вашата кожа за да се сакате себеси уште повеќе. Оваа година, новата магија на квалитетна течна пудра не е тука само да ја разубави кожата, туку и да ја открие нејзината сензуалност.

„Каков и да е односот на жените кон шминкањето, секоја од нив сака совршен тен откако ќе нанесе течна пудра“ – вели Peter Philips, креативниот директор на Dior Makeup.

Срцата на жените ќе осцилираат помеѓу Dior Forever и Dior Forever Skin Glow!

Препознатливата Forever течна пудра, благодарение на својата висока совршеност, невидлива и долготрајна формула, оди чекор понатаму. Сега, на сите жени во светот им нуди продолжен долготраен изглед, кој трае 24 часа по нанесувањето. Новата линија Dior Forever Skin Glow е дополнета со култната Forever пудра која има природен мат финиш.

Срцата на жените ќе осцилираат помеѓу Dior Forever и Dior Forever Skin Glow, во зависност од нивниот стил, расположение и време од денот. Внимателно одбраниот спектар од 67 нијанси одговара на сите тонови на кожа. Беж палетата е достапна во нијанси од розова, килибар, маслинка и праска, кои совршено се комбинираат со секој тон кожа, од најсветол до најтемен.

- Реклама -

Жените ќе ја обожаваат својата кожа!

Со Forever пудрата, кожата на секоја жена го открива најдоброто од себе. Жените ќе ја обожаваат својата кожа со Dior.

Со Forever пудрата, влеговме во нова ера на течни пудри. Жените денес се големи експерти за шминка, така што можат да креираат краен ефект каков што тие сакаат, токму како што прават со кармините“ – вели Peter Philips.

Подобар и подолготраен финиш!

24-часовна совршеност со два различни финиши. Двете формули содржат посебни состојки за одличен краен ефект.

Dior Forever Matte – Совршена текстура!

Текстура која обезбедува лесно нанесување, додека абсорбентите помагаат да се неутрализира сјајот и да се создаде идеален кадифен финиш. Транспарентните честички ја фиксираат пудрата и откриваат апсолутно совршен краен резултат без ефект на маска.

Dior Forever Skin Glow – Совршен изглед!

Избрани се лесни масла заради нивната можност за лесно размачкување, кои испаруваат за време на нанесувањето. Посебните блескави честички пак, идеално ја рефлектираат светлината.

Подобро прилагодени – големиот избор на нијанси ја откриваат совршеноста што ја поседува секој тен!

Благодарение на експертот Peter Philips, Forever and Forever Skin Glow течните пудри се во нијанси кои можат да се прилагодат на секоја кожа – 67 нијанси во тонови од розова, килибар, маслинка и праска, односно топли и неутрални тонови.

Пигменитите се обложени со посебен слој кој ја задржува влагата. Пудрата останува на исто место, не се менува и не бледее.

„Со овој комплексен спектар на бои, жените можат да го коригираат или пак да го нагласат тенот, да си играат со подтоновите. На пример, топлите тонови на кожата можеме да ги нагласиме со топли беж тонови. Мат или блескав финиш, нијансите дозволуваат креирање на различни ефекти во зависност од кожата, стилот или расположението“ – објаснува Peter Philips.

Подобрена нега на кожата – исклучителна удобност за време на носењето, заштита на кожата за уште поубав секојдневен изглед!

Forever пудрата го подобрува изгледот на кожата со секојдневното користење, благодарение на внимателно одбраните состојки кои се карактеристични производите за нега на кожа.

Кампања – Natalie Portman се враќа пред камерите како модел за Forever пудрата!

За новата Forever сага, Dior ја доживува новата течна пудра како составен дел од животот. Natalie Portman се враќа пред камерите како модел за Forever пудрата. Поубава од било кога. Грациозна и самоуверена.