- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Веројатно вие, како и многумина од нас, им завидувате на познатите ѕвезди кога на црвениот тепих ќе прошетаат со совршен мејкап изглед, вклучувајќи ги и долгите трепки кои совршено ги истакнуваат очите. Се разбира, јасно е дека се работи за вештачки трепки. Вештачките трепки можат да бидат добро решение за холивудските ѕвезди на црвениот тепих, но за секојдневно носење, вештачките трепки можат да бидат вистински кошмар.

Зошто треба да ги избегнувате вештачките трепки!

На прво место на потенцијални катастрофи при ставањето на вештачките трепки секако е лепакот, кој покрај тоа што прави хаос, може да предизвика сериозни алергиски реакции. Исто така, секојдневното носење на вештачки трепки може да доведе до инфекција, поради собирањето на бактерии на рабовите на очните капаци. Се разбира, ако понекогаш се одлучите за професионална шминка и вештачки трепки, тоа нема да ви штети, но за секој ден ви препорачувам неколку трикови со маскара што ќе ги направи вашите трепки да имаат волумен исто како вештачките.

Трик 1 – Изберете соодветна маскара!

Пред да одете во најблиската парфимерија и ја зграбете првата маскара која ќе ви падне под рака, размислете какви трепки сакате. Ако ефектот на вештачки трепки е она што сакате да го постигнете, ви препорачувам да ја пробате YSL маскарата The Curler со ефект на вештачки трепки. Оваа маскара е специјално дизајнирана за оние кои сакаат нивните трепки да изгледаат совршено секој ден, а она што ја издвојува од другите е ефектот на закривување на трепките – со неа нема да ви треба виткач за трепки! Замислете, утринска бјути рутина без виткач за трепки, но со совршен ефект на вештачки трепки. YSL маскарата The Curler има две страни – од една страна заоблена четка која им дава волумен на трепките, а од другата страна розова четка која ги подигнува и совршено ги закривува трепките. Се разбира, не тврдам дека оваа маскара е најдобрата маскара за волумен, но ве советувам да ја пробате!

- Реклама -

Трик 2 – Не го прескокнувајте прајмерот за трепки!

Една од причините, зошто на холивудските ѕвезди трепките им изгледаат совршено е прајмерот за трепки. Можеби ви е невообичаено што во последно време секој дел од лицето има посебен прајмер, но бјути експертите велат дека основата е најважна, а јас им верувам! Значи, важно е да ги подготвите трепките за нанесување на маскара, ако сакате да изгледаат како оние на холивудските ѕвезди. Ако се одлучите да ја испробате YSL маскарата The Curler, со неа комбинирајте го YSL прајмерот за маскара со ефект на вештачки трепки. Овој прајмер за трепки рамномерно лизга, ги закривува и ги издолжува трепките, што доведува до зголемување на волуменот. Исто така, прајмерот се спојува со трепките со ефект на врзување, што допринесува за поголема долготрајност на маскарата.

Трик 3 – Нека тушот за очи биде на ваша страна!

Тушот за очи често предизвикува повеќе штета отколку корист, особено ако не сте многу вешти со нанесувањето. Дебела или нерамномерна линија која е нанесена на очниот капак, ќе го одвлече вниманието од трепките и ќе направи тие да не бидат во преден план. Затоа, нанесете туш за очи во тенок слој, само во коренот на трепките. Ако имате проблем со тресење на раката при нанесување на тушот за очи, не очајувајте, малку вежбање прават чуда, а ако тоа не ви успева, тогаш послужете се со молив за очи.

Кажете ми, дали триковите ви помагаат? На кој начин вие го добивате ефектот од вештачки трепки? Сподели коментар!