Серумите во форма во која денес ги познаваме, дури пред неколку години почнавме да им придаваме поголемо внимание. Денес тие се сметаат за основни елементи во секојдневната рутина за убавина и забрзано ги лансираат голем број на козметички брендови, поради тоа многу е тешко да се снајдете во морето на производи.
Ако сте во потрага за anti-age серум кој ќе ја обработи својата функција во однос на бришење или намалување на знаците на стареење на кожата, ограничете го вашиот избор на најдобрите. Денес многу лесно е да се информирате на интернет за тоа кои anti-age серуми најдобро се оценети и во кои од нив се потпираат повеќето жени. Anti-age производите, особено оние со антиоксиданси, можете да започнете да ги користите веќе во втората половина на 20-тите години, но најважно е да се пронајде оној серум кој е погоден за вашиот тип на кожа. Серумите сепак содржат најголема концентрација на активни состојки кои може да се добијат, затоа важно е да го изберете оптималниот за себе.
Ако имате кожа која е склона на акни, побарајте витамин Ц во составот, ако вашата кожа е сува ќе ви одговара витамин Е, а ако е сува и безживотна ќе ви требаат антиоксиданси да помогнат во борбата со слободните радикали, главните виновници за лошиот изглед и здравјето на кожата. Серумот денес најчесто е дел од рутината за убавина, но најдобро е да се нанеси после чистењето на кожата, а потоа да се „заклучи“ со друг производ за негување како некој хидрантен крем.
Estee Lauder Advanced Night Repair
Advanced Night Repair колекцијата на брендот Estee Lauder наменет е за регенерација на клетките на кожата, предизвикани од штетните надворешни влијанија, како што се загадувањето, ветерот, сонцето, стресот и токсините.
Advanced Night Repair Synchronized Recovery Complex II серумот ги намалува сите видливи знаци на стареење на кожата, настанати како резултат од дејството на штетните ефекти на животната средина и недостаток на сон. Ја подобрува и хидрира кожата, го намалува изгледот на фините линии и брчки и го изедначува тенот на лицето. Серумот содржи хијалуронска киселина која ја врзува влагата и создава оптимална средина за регенерација на клетките на кожата. Се нанесува наутро и навечер на исчистена кожа, пред нанесување на кремот за лице. Не содржи мирис или масла и наменет е за сите типови на кожа.
Clarins Double Serum
Познатиот бренд за убавина Clarins, овој Double Serum го рекламира како свој најмоќен anti-age концентрат. Всушност се работи за два моќни anti-age серуми во едно. Овој третман против брчки е од новата генерација и збогатен е со S 21 растителниот екстракт, вклучувајќи куркума, позната по своите исклучителни anti-age својства. Овој серум или подобро кажано серуми, ефикасно се справува со појавата на фините линии и брчки, го изедначува тенот на кожата и го буди сјајот на кожата од внатре. Делува на сите видливи знаци на стареење, визуелно го измазнува тенот и ја прави кожата посилна и поцврста. Double Serum од Clarins е наменет за сите возрасни групи и типови на кожа, дури и за најчувствителните.
Lancôme Advanced Génifique Youth Activator
Со појавувањето на серумот Advanced Genifique, тој беше крунисан како камен-темелник на козметиката за подмладување. Со неверојатно голем број на признанија како ниеден друг производ, Advanced Genifique добиваше аплаузи низ целиот свет, а за повеќето тој едноставно е познат како „малото црно шише“ кое зрачи со елеганција и дава чувство на мистерија.
Lancôme Advanced Génifique Youth Activator ја оживува активноста на гените и го стимулира производството на протеините на младоста. Кожата видливо ќе биде подмладена за само 7 дена. Капка по капка од активаторот на младоста, кожата ќе се врати во живот. Полна со младост, кожата ќе изгледа оживеана од внатре. Ќе и биде вратен квалитетот од младоста: мека и кадифена на допир. Тенот ќе биде извонредно изедначен, а текстурата драматично поправена.
Без оглед на тоа каков е вашиот дневн ритуал за нега на кожата, Advanced Genifique може да се додаде во вашата рутина за убавина, а серумот ќе ја зголеми ефикасноста на другите производи за нега на кожата до три пати! Можете да го користите со сите постоечки производи за нега.