Што треба да избегнувате за вашата сува кожа!

Секој тип на кожа е посебен на свој начин и тоа претставува една од првите работи што ги земаме кога ја креираме нашата рутина за нега или чекори во ритуалот за шминкање.

Што се однесува до сувата кожа, таа има свои посебни потреби. Ви презентирам 5 работи кои треба да ги избегнете за да не ја “саботирате” вашата сува кожа.

1. Користете агресивни средства за отстранување на шминката и чистење на лицето!

Бидејќи чистење на кожата е првиот чекор во грижата за лицето, важно е внимателно да се избере мицеларна вода и гел за миење на лице. При изборот на соодветен производ, обрнете внимание на амбалажата и одберете ја опцијата која е наменета за сува или чувствителна кожа.

- Реклама -

2. Главна состојка на вашиот омилен производ за нега на кожата е алкохолот!

Сигурно сакате да избегнувате производи на база на алкохол, бидејќи алкохолот дополнително ќе го исуши вашето лице, а тоа секако не сакате да се случи. Алкохолот често се наоѓа во производите за отстранување на шминка и лосионите, па кога ќе ги купувате овие производи внимателно прочитајте ја листата на состојки.

3. Заборавате да ставите хидратантна крема!

Ви се случува наутро да се успиете и треба набрзина да се нашминкате, но во никој случај не го прескокнувајте хидрантниот крем. Тој ќе ви ја даде потребната количина на влага на вашето лице и совршено ќе го подготви лицето за шминка. На крајот на краиштата, неговото нанесување ќе ви одземе само уште една минута од вашето драгоцено време, но вашата кожа ќе биде благодарна.

4. Претерувате со пилинг!

Редовниот пилинг е одличен метод за отстранување на изумрените клетки и понатамошна регенерација на кожата, но со пилингот исто како со исцртувањето на веѓите, потребно е да се знае кога е доста. Иако пилингот особено е препорачлив за суво лице, доволно е да се користат препарати за оваа намена еднаш или два пати неделно, за кожата да не биде дополнително иритирана.

5. Го избегнувате кремот со заштитниот фактор!

Кремот со заштитен фактор е битен за секој тип на кожа, но особено за сувата кожа. УВ зрачењето може да доведе до краткотрајно црвенило и изгореници, но исто така и долгорочни оштетувања и предвремено стареење на кожата.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име