- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ако сте љубител на шминка, тогаш сигурно знаете колку е тешко да се одржи тен со здрав сјај во студените зимски денови. Кожата на лицето тогаш е исклучително сува и осетлива. Важно е во текот на студените денови производите за шминкање да ги прилагодите на вашата кожа, особено кога станува збор за пудра за лице за зима.

Течна пудра за зима!

Кога станува збор за зимска шминка, мојот совет е да се префрлите на пудри чија формула ќе и пркоси на зимата. Пудри кои содржат состојки што помагаат на кожата во хидратација, бидејќи хидратацијата е клучот. Во зимскиот период потребно е да се користат побогати хранливи креми и серуми кои ја негуваат кожата и помагаат да остане здрава, хидрирана и еластична.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ubavina za site (@ubavinazasite)

Max Factor Miracle Pure Skin

Miracle Pure Skin течната пудра на Max Factor е со лесна текстура и зазема високо место на листата на омилените фаворити. Богата е со состојки кои ја негуваат кожата, вклучително и витамин Ц и хијалуронска киселина, совршено се вклопува со кожата и ја истакнува нејзината природна нијанса. Ќе ви обезбеди 24-часовна хидратација, што е најважно во студените зимски денови.

Најважното нешто во врска со оваа течна пудра за зима е тоа што е збогатена со хијалуронска киселина, а знаеме дека хијалуронската киселина може да апсорбира вода до 1000 пати поголема од својата тежина. Затоа, Miracle Pure Skin е една од омилените за студените денови.

- Реклама -

течна пудра за зима Max Factor Miracle Pure Skin

L’Oreal Paris True Match

Верна на своето име, True Match на L’Oreal Paris совршено се вклопува со природниот тен и текстурата на кожата, не оставајќи видливи траги на лицето.

Оваа формула содржи дури 80% хидратантна нега и фини пигменти, поради што лесно го изедначува тенот и ги прикрива несовршеностите. Благодарение на хијалуронската киселина со која е збогатена, оваа пудра покрај своите мејкап својства е и еден вид производ за нега на кожата, кој треба да го вклучите во вашата зимска рутина за шминкање.

течна пудра за зима L'Oreal Paris True Match

L’Oreal Paris Infallible

Оваа течна пудра ќе ви обезбеди средна до целосна покривност, но и свежина и удобност до 24 часа. Дефинитивно нема да ви ја исуши кожата и нема да ви биде тешка на лицето, бидејќи тоа не ни е потребно за време на студените денови. Отпорна е на вода и пот, издржува на секакви временски услови. Не остава траги на облеката која е многу важна работа, бидејќи сите знаеме дека во текот на зимата носиме капи и шалови. Со оваа течна пудра за зима тоа не е можно, затоа е на мојата листа.

течна пудра за зима L'Oreal Paris Infallible