- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Досега сите станавме свесни за „чудата“ што ги прават корејските козметички производи. Оваа категорија производи за убавина ни ги даде популарните „sheet“ маски, „cushion“ пудри, есенции, „lip tints“ за усни. K-beauty веќе не е само тренд туку филозофија за убавина што влезе во нашите рутини за нега на кожа. Ако и вие сакате да го постигнете тој ефект на „glass skin“ на здрава кожа карактеристичен за корејските жени, следете ги нивните 6 совети!

Лесно до сјајна кожа со корејски совети!

#1 Двојно чистење на кожата!

Популарниот метод „double cleansing“ вклучува два вида на средства за чистење на лицето кои се користат еден по друг. Првиот е средство за чистење на база на масло кое ја раствора шминката, СПФ заштитата и вишокот на себум. Другиот чистач е гел или пена на база на вода кој ги отстранува остатоците од масло и нечистотии. Двојниот метод за чистење ќе ги отстрани и најситните траги од нечистотија, а вашите пори конечно ќе дишат!

#2 Нанесете „sheet“ маска пред кремот!

Еднаш или двапати неделно почастете се со „sheet“ маска. Тие обично се натопени во навлажнувачка есенција, што на кожата и дава неверојатен „boost“ на хидратација. Маската нанесете ја на исчистена кожа, но пред серумот или кремот. Кога ќе ја отстраните маската, а есенцијата добро се апсорбирала, тогаш нанесете серум, а потоа крем. Ќе забележите моментална пополнетост и сјај на кожата!

- Реклама -

#3 Нанесете ноќна маска навечер!

Во светот на K-beauty, ноќните маски за лице се нарекуваат „sleeping pack“. Тие обично се во форма на густ или гел крем, кој ја покрива кожата со интензивна хидратација. Се нанесува наместо ноќен крем, дури и над него за дополнителна нега.

#4 Не штедите на СПФ креми!

СПФ кремот со заштитен фактор е најважниот производ што сакате да го користите за здрава и младешка кожа. Во Кореја, можете да најдете повеќе креми со заштитен фактор со елегантни формули кои се исклучително лесни и незабележливи на кожата. Нивните СПФ креми се полни со хранливи, негувачки состојки и растителни екстракти.

#5 Совршен изглед на кожата со „cushion“ пудра!

„Cushion“ пудрите го залудеа светот! Во пластична кутија обично се наоѓа сунѓер натопен во формула од течна пудра, која се нанесува со помош на друг сунѓер на лицето. Овој тип на производ е хидрантен, често содржи СПФ заштита и на кожата и дава неверојатен сјај!

#6 Завршете го изгледот со „lip stain“!

Сјајот и свежината на кожата дополнете ја со шминка за усните! Но, Корејките не носат мат кармини ниту формули полни си боја. Нивниот препознатлив изглед е градиент боја на усните, што се постигнува со помош на „lip stain“, течен производ за усни со малку боја. За да постигнете градиент ефект, нанесете течен коректор или пудра на надворешниот раб на усните, а потоа тапкајте го „lip stain“ производот или сјајот за усни со малку пигмент што не содржи светки.