Carolina Herrera претстави ново издание во атрактивно шише во облик на женски чевел со интензивна црвена штикла, наречено Very Good Girl. Црвената боја дефинитивно е тренд во оваа година, бидејќи многу брендови одлучија своите нови креации да ги понудат во црвени шишиња.
Very Good Girl доаѓа по минатогодишната креација Good Girl Suprême и Good Girl Légère од 2018 година кои се издвојуваа по различната мирисна композиција од другите изданија кои беа ограничени изданија на оригиналната креација на Good Girl од 2016 година.
Very Good Girl со потпис на парфимерката Louise Turner!
Новата миризлива изведба Carolina Herrera Very Good Girl ја потпишува парфимерката Louise Turner. Мирисот ни дава сочен, киселкаст и овошен почеток со личи и црвени рибизли, кои ја освежуваат композицијата и му даваат оптимизам на цветниот букет со рози во срцето на мирисот. Основата на мирисот всушност прави контраст со нијанси на ветивер во комбинација со мека и удобна ванила.
Very Good Girl ја црпи својата сила од потенцијата на розата!
Very Good Girl е миризлива авантура која зачудува со изненадувачки пресврт! Додека претходните мириси во линијата ја истражуваа субверзивната моќ на јасминот и тонката, оваа парфемска вода ја црпи својата сила од потенцијата на розата, карактеристичен мирис кој овде „гази“ на сосема нова почва!
Шише – интензивна црвена штикла!
Црвеното шише не е прво во колекцијата, но се разликува во дизајнот! Good Girl Velvet Fatale е првиот црвен мирис во колекцијата со шише во темно црвено кадифе, додека новата креација е сјајна и стаклена како оригиналното издание.
Carolina Herrera Very Good Girl е достапен во шишиња од 50 и 80 мл, како Eau de Parfum.