- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

За сите љубители на Calvin Klein парфемите ново поглавје на Calvin Klein Women мирисната колекција со претставување на Intense верзијата која носи впечатлива комбинација на моќ и сензуалност.

Три смели креации создадени како ода на женственоста!

Под слоганот „I Am Women“, првата верзија на Calvin Klein Women во парфимериите беше лансирана во август 2018 година и беше креирана како ода на женственоста. Соработката на парфимерките Honorine Blanc и Annick Menardo создаде вистински хит, нудејќи мешавина од еукалиптус, пенлив грејпфрут, цвет од портокал и кедар како клучни и најинтензивни ноти на композицијата.

Втората креација, Calvin Klein Women Eau de Toilette беше претставена во почетокот на 2019 година како свежа и пенлива верзија на оригиналот – смела креација за модерни и самоуверени жени. Цветните нијанси на цветот од портокал и божур во срцето, заедно со интензивните акорди на лимон, нежно поставени на кремаст слој на мошус.

- Реклама -

Women Intense – додадени уникатни состојки кои ја интензивираат текстурата!

Третата креација, најновото поглавје во мирисната линија носи кревкост и свежина на оригиналниот мирис, додавајќи уникатни состојки кои ја интензивираат текстурата и додаваат напнатост на мирисната структура. Светлата, заживувачка нота од лимон и кардамон го откриваат срцето кое носи мистерија и интензитет, додека дрвените акорди додаваат длабока сензуалност и богатство. Парфимерката Honorine Blanc создаде структура која е живописна и динамична – свежа визија на храброст и женственост.

Парфимерката Honorine Blanc уште еднаш ги задева нашите сетила со величествена арома на цвет од портокал, овој пат зачинет со кардамон, зачувувајќи ја оригиналната сончева свежина на цитрусот, додека дрвенестата смолеста мешавина на композицијата и додава длабока сензуалност. Цветниот букет во срцето, покрај цветовите од портокал, собира цветови од јасмин и акорд од црна љубичица.

#IАMWOMEN – Надоградена приказна!

Кампањата Calvin Klein Women Eau de Parfum Intense продолжува да ја користи платформата #IАMWOMEN и донесе нови фотографии кои се надоградуваат на приказната за колективна индивидуалност.

Во новата кампања претставени се: Lupite Nyong’o и Saoirse Ronan фотографирани од Anne Collierportray. Кампањата е во согласност со духот на новиот интензивен мирис, додека сликите од шишенцата ја продолжуваат приказната за колективот на жени што се врзуваат заедно држејќи шишенца во рацете на нежна позадина во боја на праска.

Течноста на мирисот Calvin Klein Women Intense и амбалажата се во нежна боја на праска, давајќи доза на топлина и интимност.

Calvin Klein Women Intense е достапен во 30, 50 и 100 мл како Eau de Parfum Intense.