Rimmel London ги здружи своите сили со популарната Rita Ora за уште една возбудлива соработка. Во 2014 година Rimmel ги обелодени плановите за својата прва соработка со познатата британска пејачка и актерка. Тогаш беа лансирани широк спектар на лакови за нокти со разнобојни и високо интензивни бои во инспиративна амбалажа и пет нови течни кармини за усни дизајнирани од самата Rita Ora. Минатото лето соработката на Rita Ora и Rimmel продолжи со линијата наречена Chameleon Collection.
Catwalk’s gothic изглед!
Последната нивна соработка е лансирањето на уште една сезонска линија, овој пат инспирирана од catwalk’s gothic изгледот!
Rimmel со новата линија прави мрачен пресврт на боите Shades of Black. Оваа колекција нуди четири ноќни нијанси на лакови за нокти и три соодветни нијанси на течни кармини за усни. Колекцијата е идеална за поигрување со вашиот мејкап изглед, бидејќи никогаш нема да бидете доволно сигурни дали ви прилега се додека не се обидете на себе.
Rimmel 60 Seconds лаковите за нокти потпишани од страна на Rita Ora се со висока долготрајност кои ветуваат до 10 дневна издржливост, брзо се сушат што ги прави многу практични. Понудената палета на лакови за нокти се состои од 4 нијанси:
902 Moonlight Magic, полноќна сина
903 Midnight Ting, црна-виолетова
905 Girl in Gray, сива
906 Matte Black, мат црна
Rimmel Oh My Gloss! By Rita Ora течните кармини нудат до 6 часовна долготрајност и сјај. Текстурата е нелепливата и лесна, збогатена со Арганово масло и витамин Е. Oh My Gloss линијата содржи 3 нијанси:
810 Desire
820 Moonlight
830 Rita’s Black