- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Вашите нокти можат да бидат богати со многу детали, исто како и малите уметнички дела. Од животински до цветни дезени како и 3Д дезенот на нокти што несомнено е најнапредниот вид на маникир што можете да го добиете. Но, оваа пролет ќе биде популарен терацо (terrazzo) маникирот во сите ваши омилени бои. Терацо дезенот веројатно веќе е дел од вашиот домашен ентериер и затоа заслужува да стане и инспирација за маникир. Најдобриот дел од овој тренд е тоа што можете многу лесно да го направите дома. Само изберете неколку од вашите омилени бои, набавете мала и тесна четка за креирање на деталите и малку по малку нанесувате лак за да го имитирате шарениот уникатен дизајн.

Терацо маникирот ќе внесе боја во вашето секојдневие!

Создавањето на терацо нокти е многу забавен начин да експериментирате со повеќе бои, бидејќи не постои начин да погрешите кога креирате ваков вид на маникир. Важно е да нанесете квалитетна основа на лак. Потоа можете да направите дезен (шара) каков што сакате, од мали мозаични парчиња до поголеми и повпечатливи форми.

Како да создадете терацо нокти?

За да го добиете најубавиот резултат, изберете слични форми и големини за секоја боја. Прво започнете со една боја и нацртајте ги најголемите форми. Оставете ги да се исушат, а потоа продолжете со втората и третата боја и форма. На крај, стрпливо почекајте да се исушат сите слоеви пред да ги намачкате ноктите со проѕирен лак, за да не се размачка бојата. Ако сакате да ја постигнете најверната терацо шара, изберете мат проѕирен лак. Во продолжение за инспирација можете да ги погледнете некои од најубавите терацо маникири, од нуд дезени со терацо акцент до целосно обоени терацо нокти.

- Реклама -