За почетокот на 2020 година, Tom Ford подготви нов парфем од неговата ексклузивна Private Blend колекција, која претставува неговата лична мирисна лабораторија каде создава посебни мириси за колекционерите.
Мат розово шише во форма на шаховска фигура!
Мирисот наречен Rose Prick доаѓа во мат розово шише со стандардна форма на шаховска фигура и ја обработува нотата на роза на „сочен, цветен и богат“ начин. Во парфимериите се очекува од февруари 2020 година.
Мирис инспириран од градината со рози на Tom Ford!
Мирисот е инспириран од познатата градина со рози на славниот американски дизајнер Tom Ford. Rose Prick е најавен како прекрасен див букет од исклучителни сорти на рози – мајска, турска и бугарска – и нивните бодликави и испреплетени гранки. Екстрактите од ароматични зачини му даваат карактер на букетот, додека индонезискиот пачули и печените зрна на тонка обезбедуваат пријатна топлина во основата на парфемот.
Tom Ford Private Blend Rose Prick е достапен во 50 мл, како Eau de Parfum.