- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Да признаеме: секоја од нас обожава шминка и додека ги знаеме сите можни трикови за совршен туш за очи или smokey eye, многу е веројатно дека сè уште веруваме во митови! Многу правила за шминка што ги имаме слушнато од пријателките, всушност се заблуди и митови! Затоа ви ги откривам најчестите митови за шминкањето, а сигурно верувате во некои!

Најчести мејкап митови и заблуди!

Мит #1 Коректор се нанесува пред пудра!

Во некои случаи нанесувањето на течна пудра после коректор, може да го избрише коректорот! Тоа е причината, зошто многу е подобро прво да нанесете течна пудра, а потоа да го погледнете лицето: на некои места ќе ви биде потребно многу помалку коректор од вообичаеното! Коректорот е погуст од пудрата, така што со овој ред на нанесување ќе изгледате поприродно!

Мит #2 Ако имате над 40 години, блескавите сенки за очи не се за вас!

Неточно! Мејкап артистите советуваат дека со малку блескава сенка може да изгледате многу секси, а тоа важи и за зрела кожа! Изберете блескави сенки како: златна праска, кафеава, бургунди. Нанесете мат базна боја на очниот капак, а потоа блескава сенка. Изблендирајте ја сенката кон прегибот на окото, а во исто време додадете малку хајлајт сенка на внатрешниот агол на окото и под веѓата!

- Реклама -

Мит #3 Маскарата треба да ја замените кога ќе се згрутчи!

Ова не само што е неточно, но воедно е опасно и по здравјето! Маскарата се менува на секои 3 месеци, затоа што тоа е мејкап производ со кој најлесно може да добиете инфекција на очите. Со текот на времето, маскарата станува совршена почва за развој на бактерии, кои лесно можат да доспеат во очите. Затоа, маскарата се менува на секои 3 месеци, дури и ако текстурата е во совршена состојба.

Мит #4 Коректорот треба да биде 2 нијанси посветол од тенот на кожата!

Ја разбирам идејата со употреба на светла нијанса на коректор: целта е да се балансираат темните кругови, но премногу светла нијанса на коректор може да изгледа пепеласто и сино. Затоа, наместо супер светол коректор, изберете го оној што најмногу одговара на вашиот тен, за да се вклопи совршено со остатокот од шминката.

Мит #5 Прво молив за усни, потоа кармин!

Оваа пракса е заблуда! Нанесувањето на молив за усни пред кармин треба да ги дефинира усните и да го спречи разлевањето на карминот. Но, за жал, моливот за усни трае подолго од карминот, што значи дека откако кармин ќе избледи, ви останува темна линија околу усните. Многу подобро е прво да нанесете кармин, а потоа со молив за усни да ја дефинирате надворешната линија на усните.

Мит #6 Нанесете бронзер на целото лице за исончан тен!

Ова е толку лоша идеја, освен ако не сакате да изгледате како барбика која ја заменила главата со друга потемна барбика. Нанесувањето на бронзер на цело лице создава линија помеѓу лицето и вратот, како портокалова маска. За многу поприроден тен и сјај нанесете бронзер само на местата што сонцето природно ги потемнува, како што е носот, челото, образите и брадата.

Мит #7 Шминка не е комплетна без пудра!

Ако се грижите за вашата кожа, сигурно не ви треба дебел слој на пудра за беспрекорен тен на лицето. Всушност, ова ќе ја направи вашата шминка да изгледа претерано! Затоа, наместо тешка пудра, обидете се со тониран крем или BB крем за секој ден. Убава и сјајна кожа е императив на модерната шминка.