- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

По Rihanna и Lady Gaga, уште една музичка ѕвезда ќе го освојува светот на козметиката. Првите вести за тоа дека Selena Gomez започнува нов бизнис за убавина ги добивме уште во август 2019 година, а сега се познати нови детали. Пејачката на Инстаграм објави дека нејзиниот бренд за убавина, кој го нарече Rare Beauty (ретка-посебна убавина), летово ќе се појави на пазарот.

На проектот Rare Beauty, Selena работеше 2 години!

На овој посебен проект работев две години и сега официјално можам да кажам дека Rare Beauty ќе биде достапен во продавниците на Sephora ова лето во Северна Америка“ – напиша Selena на Инстаграм каде објави и видео во кое ја објаснува суштината на нејзиниот бренд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez) on

Rare Beauty може да биде повеќе од бренд за убавина!

„Да се биде посебен (rare) значи да се чувствувате добро во вашата кожа. Престанав да се обидувам да бидам совршенa, само сакам да бидам јас. Мислам дека Rare Beauty може да биде повеќе од бренд за убавина. Сакам да престанеме да се споредуваме едни со други и да започнеме да ја прифаќаме нашата единственост. Rare Beauty не е она што другите го гледаат во вас, туку она што вие го гледате во себе“ – заклучи Selena.

- Реклама -

Сите новости околу линијата за убавина може да ги следите на официјалниот профил Rare Beauty на Инстаграм, кој само за неколку минути од објавата на Selena, почнаа да го следат повеќе од еден милион луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rare Beauty by Selena Gomez (@rarebeauty) on