Светот на убавината на почетокот на годинава нè враќа назад кон едноставноста, но во исто време носи огромен број на бјути иновации што ќе го подобрат вашиот козметички несесер и секојдневната рутина за убавина. Покрај производи за нега, со кои го започнуваме и завршуваме секој ден и неколку производи за шминка и трендови кои носат освежување и ја враќаат природната убавина, првата половина на 2020 година носи и прекрасни миризливи новитети на кои нема да можеме да им одолееме.

Миризливи ноти кои ќе ја одбележат 2020 година!

Почетокот на новата година е совршено време да ги освежите вашите дневни рутини и гардероба, како и вашите бјути колекции. Последниот дел од вашата секојдневна бјути рутина, но една од најважните, секако се неколкуте капки од вашиот омилен мирис. Без разлика дали сте верни на еден класик или низ годините сте создале мала колекција, каде секој парфем носи поинаква емоција, почетокот на 2020 година носи неколку неодоливи нови мириси, меѓу кои сигурно ќе го најдете вашиот нов омилен фаворит.

Во првата половина на 2020 година, на полиците на светските парфимерии веќе пристигна ново, поинтензивно издание на мирисот Chloé Nomade, а наскоро доаѓа и изданието Intense на Giorgio Armani Si Passione мирисот. За сите љубителки на цветни и женствени парфеми, почетокот на 2020 година ги носи Lancome La Nuit Tresor Nude и Elie Saab Le Parfum Essentiel. Варијации на вашите омилени мириси оваа година ќе пронајдете во новите изданија на мирисот Miss Dior и Emporio Armani You, кој добива дури две нови верзии – In Love with You Freeze и Stronger with You Freeze. Меѓу миризливите новини што ќе нè освојат во текот на оваа година се луксузните мириси на Christian Dior Rouge Trafalgar и Tom Ford Rose Prick.

Откријте ги сите нови парфеми што ни ги носи првата половина на 2020 година!

Christian Dior Rouge Trafalgar

Christian Dior Rouge Trafalgar

Tom Ford Rose Prick

Tom Ford Rose Prick

Dior Miss Dior Rose N’Roses

Dior Miss Dior Rose N’Roses

Elie Saab Le Parfum Essentiel

Elie Saab Le Parfum Essentiel

Lancome La Nuit Tresor Nude

Lancome La Nuit Tresor Nude

Chloé Nomade Absolu

Chloé Nomade Absolu

Emporio Armani In Love With You Freeze – Stronger With You Freeze

Emporio Armani In Love With You Freeze – Stronger With You Freeze

Giorgio Armani Si Passione Intense

Giorgio Armani Si Passione Intense