Новото издание на Gucci парфемската линија Gucci Guilty е интензивна верзија на машкиот мирис Gucci Guilty Pour Homme Eau de Parfum. Одбележувањето на слободата што брендот ја прикажува преку приказната #ForeverGuilty продолжува, а Gucci Guilty Pour Homme Eau de Parfum нуди повторното толкување на оригиналниот мирис со акорди на лути чили пиперки и смирувачки свежи рози.
Интензивирање на машката убавина со мистерија и неконвенционалност!
Со интензивирање на традиционалните кодови на машката убавина со мистерија и неконвенционалност, новиот мирис е создаден за еклектични и смели мажи.
Бели цвеќиња и интензитет на дрвенести акорди!
Мирисната композиција е дрвенеста, ароматична и зачинета, замислена како провокативна и модерна интерпретација на миризливите состојки од 70-тите години. Нотите на лимон и розов бибер од оригиналното издание заменети се со роза и чили. Топлите зачини стојат наспроти горчливата ароматична свежина, покрај неочекуваното мирисно чувство на сол и оцет. Нотите од бели цвеќиња и богатството и интензитетот на дрвенестите акорди ја комплетираат композицијата.
Jared Leto – заштитно лице на парфемот!
Новиот мирис доаѓа во елегантно мат црно шише и сребрено капаче со врежано G лого. Заштитно лице на кампањата снимена од Glen Luchford е американскиот актер Jared Leto.
Мирисот Gucci Guilty Pour Homme Eau de Parfum е достапен во 50, 90 и 150 мл, како Eau de Parfum.